Пробајте: Тробоен чоколаден мус

Врвен кремаст десерт кој вреди да го пробате ако сте обожавател на чоколадото, силниот вкус и нежната текстура која се топи во уста.

probajte-troboen-cokoladen-mus-01.JPG

Состојки:

За светол мус

  • Лист желатин
  • 100g млечно чоколадо
  • 20g чоколадо за готвење
  • Јајце
  • 2 лажици рум
  • 250ml слатка павлака

За бел мус

  • 2 листа желатин
  • 140g бело чоколадо
  • Јајце
  • 4 лажици ликер или сок од портокал
  • 250ml слатка павлака

За темен мус

  • Лист желатин
  • 130g чоколадо за готвење
  • Јајце
  • 2 лажици сварено кафе
  • 250ml слатка павлака

Подготовка:

1. За светлиот мус потребно е да го потопите желатинот во студена вода. Исечкајте ги чоколадите и истопете ги на пареа. На пареа изматете го и јајцето со 2 лажици вода. Додајте го желатинот и румот, па матете додека не добиете мазна смеса. Слатката павлака матете ја додека не добиете крем и промешајте ја во чоколадната смеса. Кремот ставете го во фрижидер да се лади.

2. За белиот мус потребно е повторно да го потопите желатинот во вода. Исечете го чоколадото и стопете го. Додека чоколадото е на пареа додадете го јајцето со 2 лажици вода. Додадете го желатинот и добро мешајте. Изматете ја слатката павлака и додајте ја во смесата. Оставете во фрижидер додека го подготвувате третиот слој.

3. Повторно истата постапка и за темниот мус. Потопете го желатинот, стопете го чоколадото, додајте јајце со 2 лажици вода и кафе. Изматете ја павлаката и додајте ја во смесата. Оставете го мусот да се олади.

4. На крај сите 3 слоја наредете ги по редослед по желба и ставете ги да се оладат и заврстат. Сечете со остар нож или послужете во чашки.

Би можело да ве интересира:

3 рецепти за деновите кога постите без масло Шпагети со лук и сусам, вкусен ориз со лозови листови или киноа... Што можете да...
Здрава ресана торта, подготвена во блендер Портокал, чоколадо, јаворов сируп, ванила... оваа торта е вистински здрав делика...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути) Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
Највкусната посна сарма со праз, по рецепт на нашите баби Бадниковата и божиќната трпеза никако не можат да поминат без посна сарма... Дал...
Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...
5 предлог посни рецепти за деновите кога не знаете што да јадете Пет рецепти без масло и со масло за деновите додека трае постот. Што можете да п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg