Празничен брз појадок готов за 15 минути
Доколку ве има префатено празничната мрзеливост, деновите по Нова година поштедете се од готвењето наутро и подгответе го овој забавен и брз појадок за само 15 минути.
Вкусот е незаменлив иако не е потребно долго време за да се подготви.
Се работи за француски ролни со слатко или пак доколку сте љубител на соленото, со кашкавал.
Подготовката се состои од десет бели лепчиња за тост на кои ќе им ги исечете краевите и ќе ги истегнете со сукало за да може на нив да го нанесете слаткото или кашкавалот кој треба да биде изрендан.
Краевите завиткајте ги во форма на ролна и извалкајте ги во матено јајце со млеко, во кое ќе има малку путер или маргарин.
Потоа ролните ставете ги во тавче со малку масло и пропржете ги
На крај извалкајте ги во презла и послужете ги додека се топли.
Вкусот на потпечено крцкаво лепче со кашкавал или слатко ви гарантира одличен појадок.
На здравје!