Рецепт на денот: Компир полнет со печурки
Барате предлог за сочен ручек? Сакате нешто брзо и лесно, а подеднакво вкусно? Имаме генијална идеја која сигурно ќе ја обожавате!
Состојки:
- 4 компири
- 300g печурки
- 200g мајонез (ако постите, заменете го со посен)
- 1 шолја вински оцет
- Сок од 1 лимон
- Бибер и сол по желба
Подготовка:
Сварете го компирот, но имајте на ум дека треба да остане со лушпа и тврд. Кога ќе се олади излупете го и направете дупче во средината.
Во длабоко тенџере помешајте 3 чаши вода со оцетот, биберот и солта и оставете ја течноста за зоврие. Тогаш додадете ги исечените печурки и оставете ги да се варат 3 минути. Извадете ги и добро процедете.
Измешајте го мајонезот со сокот од лимон и додајте ги сварените печурки.
Со оваа смеса наполнете ги компирите и оставете ги неколку минути да се оладат во фрижидер.
Послужете со салата. На здравје!