Фит рецепт: Подгответе протеински чизкејк
Чизкејкот е еден од најпопуларните колачи во светот. Но, покрај оној со шлаг и прелив, добро е да пробате и еден поинаков, полесен и многу поздрав.
Вкусен оброк, совршен за после тренинг. Протеините кои ги содржи овој чизкејк ќе ви помогне во обновата и одржувањето на мускулната маса.
Потребни состојки:
- 340 g крем сирење (со најниска масленост)
- 280 g цврст јогурт
- 2 јајца
- 1-2 лажички стевија
- ¼ филџан млеко
- 45 g протеински прашок
- 1 лажичка екстракт од ванила
- Малку сол
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени. Во голема чинија изгмечете го кремастото сирење, додајте ги јајцата и стевијата, па сето тоа измешајте го со миксер. Додадете ги останатите состојки и мешајте уште 2-3 минути.
Плехот обложете го со хартија за печење, па сипете ја смесата. Печете на 180 степени околу 25 минути, а потоа намалете ја температурата на 150 степени и печете уште 1 час.
Готовиот чизкејк ставете го во фрижидер околу 4-5 часа, а потоа може да го украсите или прелиете со темно чоколадо.