Пробајте: Совршено тесто за пица и фурнаринки
Барате рецепт за совршено пица тесто кое ќе може да го искористите и за фурнаринки со кашкавал? Имаме еден брз предлог кој може да се модифицира според вкусот и потребата.
Состојки:
- 250ml топла вода
- 2 ¼ лажички сув квасец
- 1 лажица мед или шеќер
- 2 лажички сол
- 2 лажички маслиново масло
- 3 шолји брашно
Измешајте го квасецот со медот или шеќерот и топлата вода. Оставете 10-15 минути додека квасецот започне да се пени.
Додајте ја солта, маслото и половина од брашното, па добро промешајте. Остатокот брашно додавајте го постепено, додека не добиете меко тесто кое не се лепи.
Кога ќе направите такво тесто, месете го околу 6 минути. Оставете го да нарасне 1-2 часа во сад прекриен со пластична фолија.
Обликувајте го за пица или фурнаринки и наредете ги намирниците кои ги сакате.
Ако сакате да направите пица, премачкајте го тестото со доматен сос, нарендајте кашкавал, ставете свежи печурки, салама по желба...
Ако сакате да направите фурнаринки тестото премачкајте го со 2 лажици стопен путер, па додадете кашкавал и сирење по желба.
Тестото печете го на 250 степени околу 10 минути, а потоа исечете го и послужете.
Идеално за мезе, ручек или вечера...