Прсти да излижеш: Пилешки крилца во сос од сенф и мед
Сигурно досега сте си испекле пилешки крилца кои сте ги јаделе со додаток на помфрит, ориз или сос. Но, многу се повкусни кога, всушност се испечени со вкусниот сос од сенф и мед.
Тогаш добиваат некој посебен вкус, кој е целосно впиен во нив и прави да не можете да ги оставите.
За ова вкусно мезе доволни ви се само:
- Пилешки крилца (по желба, зависно за колку луѓе)
- Пакетче сенф
- Неколку лажици мед
- Сол и бибер
Подготовка:
Во мала чинија измешајте малку сенф, мед, сол и бибер, така што да добиете еднолична маса, не многу течна, по можност да се задржи густината на сенфот.
Со неа премачкајте ги крилцата, едно по едно, претходно наредени во подмачкана тава со масло.
Ставете ги во рерна на 250 степени додека не добијат крцкава, златеста кора.
Откако ќе ги извадите, може да ги јадете заедно со остатокот од мешавината на сенф и мед.
Наточете си го омилениот пијалак и уживајте!