Брз ручек: Лазањи од палачинки

Ако немате тестенини за вистински лазањи, а сакате да подготвите брз ручек во 4 чекори, следете го ова упатство за брзи лазањи од палачинки.

brz-rucek-lazanji-od-palacinki-01.jpg

1 чекор: Изматете 1 јајце со брашно, масло, сол и млеко. Смесата треба да биде густа како за тесто за палачинки. Можете да се послужите и со овој рецепт. Испечете ги палачинките во тепсија. Најдобро е да бидат двојно подебели од просечната палачинка.

2 чекор: За филот испржете малку кромид, додека не зарумени. Додајте мелено месо и зачинете по вкус. Пржете 15 минути и на крај додадете доматно пире. Кога ќе ја тргнете смесата од шпоретот, додадете малку сирење или кашкавал.

3 чекор: За бешамел сос ставете малку путер во еден сад, стопете го, додадете 2-3 лажици брашно и пропржете. Додавајте млеко со постојано мешање и варете додека не добиете смеса густа како пире. Тргнете од оган. По желба, додадете вегета.

4 чекор: Во подмачкана тепсија ставете една палачинка, па фил и прелијте со бешамел. Редете додека не го потрошите целиот материјал. Завршете со кора и бешамел сос без фил. Печете на 250 степени околу 20 минути, а потоа намалете на 200 степени и печете околу половина час.

*Количините од овој рецепт прилагодете ги на вашите потреби. Не ви се потребни точни мерки за успешен краен резултат.

brz-rucek-lazanji-od-palacinki-02.jpg

Лазањите послужете ги топли, со рендан кашкавал одозгора.

На здравје!

brz-rucek-lazanji-od-palacinki-03.jpg

Би можело да ве интересира:

Брз ролат со плазма и овошје (без печење) Ако сте љубител на чизкејк, тогаш овој ролат без печење ќе ви се допадне, бидејќ...
Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...
Предлог ручек: Орзо со пилешко и грашок Ако не знаете што да зготвите за ручек, пробајте го овој брз и вкусен рецепт - о...
Рецепт за најмеките палачинки без млеко (може да останат свежи и до два дена) Подгответе вкусни палачинки и наполнете ги со фил по ваш вкус. Еден од триков...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Брзо мезе: Ролат од тиквички (полнет со сè што сакате) Вкусно мезе на кое основата му се тиквички, а филот може да го направите по ваша...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg