Рецепт кој ќе ве натера конечно да ја засакате боранијата

Можеби не знаевте, но боранијата е најбогатиот витамински зеленчук, кој содржи високо ниво на јаглехидрати и протеини.

recept-koj-kje-ve-natera-konecno-da-ja-zasakate-boranijata-01.jpg

Боранијата може да се подготви на разни начини, а доколку до сега ја избегнувавте, пробајте го овој едноставен и вкусен рецепт, со кој нема да го уништите богатството на вредни состојки.

Потребни состојки:

  • 3 супени лажици маслиново масло
  • 100g кромид
  • 600g широка зелена боранија
  • 600g зрели домати
  • 1 супена лажица свежо исечкан магдонос
  • Сол
  • Црвен пипер

Начин на подготовка:

За овој рецепт потребно ви е голем сад за готвење или вог тава, на која ќе го загреете маслиновото масло и ќе го додадете ситно исечканиот кромид. Кога кромидот ќе позлати и омекне, додајте ја исчистената боранија, па покријте го садот и гответе на тивок оган 5 до 10 минути со повремено мешање.

За тоа време, доматите исечкајте ги на мали коцки со дебелина од 2,3 сантиметри и додајте ги во садот. Додајте сол и црвен пипер по вкус и пропржете уште 15 минути додека боранијата целосно не омекне.

За подобар вкус можете да изрендате тврдо сирење или да проросите пармезан.

Би можело да ве интересира:

Рецепт за сладок божиќен венец со Нутела Пред новогодишните празници можете да го пробате рецептот за овој вкусен божиќен...
Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...
Рецепт за мини погачи со моцарела и копар, меки како душа Направете домашни мини погачи со копар и моцарела - нема да дочекате да остинат ...
Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...
Рецепт за чоколадни пралини со малини и кокос Свеж и егзотичен вкус поради комбинацијата од малини и кокос - овие пралини ќе в...
Рецепт за ѓевречиња со фета сирење Децата ќе ги обожаваат, а ни гостите нема да може да им одолеат - овие ѓевречиња...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg