Вкусен џем од сливи со чоколадо и рум кој мора да се проба оваа есен

Сезоната на зимницата веќе започна, па затоа време е домаќинките кои секоја година го спремаат традиционалниот ајвар и лутеница да се потсетат на слатката зимница која не смее да се изостави од нивната листа на залиха за оваа зима.

vkusen-dzem-od-slivi-so-cokolado-i-rum-koj-mora-da-se-proba-01.JPG

Џемот направен од сливи и чоколадо е далеку познат по својот сладок вкус и лесна подготовка, но доколку досега го немате подготвувано ова е начинот на кој треба да го сторите тоа:

Состојки:

  • 6 kg исчистени сливи
  • 5 чоколади по ваш избор
  • 2 kg шеќер
  • Шишенце рум арома

Подготовка:

Шеќерот се раствора во вода и потоа се додаваат сливите кои претходно треба да ги исчистите од семки и измелете. Оавете ги да се варат и повремено мешајте.

Џемот е готов кога ќе забележите дека сливите се веќе омекнати и распаднати на парчиња.

Во тенџерето додајте ги чоколадите искршени на парчиња и варете уште малку. Тргнете го слаткиот џем од оган и додадете го шишенцето рум.

Сипете го џемот во суви и загреани тегли.

Вашата слатка зимница е готова!

vkusen-dzem-od-slivi-so-cokolado-i-rum-koj-mora-da-se-proba-02.jpg

Иако оваа подготовка не одзема многу од вашето време и пари, цела зима ќе уживате во вкусот на овој џем со чоколадо и рум кој сигурно ќе му се допадне и на вашето семејство.

На здравје!

Би можело да ве интересира:

Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...
Здрава ресана торта, подготвена во блендер Портокал, чоколадо, јаворов сируп, ванила... оваа торта е вистински здрав делика...
Рецепт за колач со кокос и плазма, без печење Овој брз десерт без печење им успева на сите, дури и на оние што не ги „бива“ во...
Рецепт за брза пилешка салата – идеално мезе кога чекате гости Заради овој рецепт секогаш ќе практикувате да имате дома пилешко месо и крастави...
Вкусен домашен ручек - Како да направите тавче гравче? Тавче гравче претставува македонски традиционален рецепт кој бара внимание, но л...
4 рецепти кои може да ги направите со јајцата кои ви останаа од Велигден Овие предлог рецепти ќе ви помогнат најдобро да ги искористите јајцата од велигд...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg