Како да направите млечна пена за кафе во домашни услови?
Сигурно понекогаш, додека го пиете омиленото макијато или капучино, си помислувате колку би било убаво секој ден да можете да уживате во неговиот вкус.
Добри вести за вас! Густата, кремаста пена сега можете да ја направите дома, дури и ако немате скап кафемат.
Се што ви е потребно за обичното кафе да го претворите во кремасто капучино е микробранова печка, млеко и сад со капак.
Кремастата пена се добива во 2 чекори:
Истурете млеко во садот со капак, кој мора да биде огноотпорен, а потоа протресете 1 минута.
Идеално би било ако садот го наполните до половина, а во останатата половина оставите простор за пената која ќе се формира.
Отворете го капакот и млекото загрејте го 30тина секунди во микробранова.
По само 30 секунди ќе се создаде пена која ќе биде зацврстена од топлината и потешко ќе се распадне.
Жешкото млеко ставете го во кафето, а пената со лажичка истурете ја на врвот.
Препорачливо е да користите млеко со 2% маст или безмасно, затоа што од него најлесно ќе ја формирате пената.