Сируп против кашлица по рецептот на баба
Колку пати до сега попрво ви дејствувале рецептите на баба, отколку оние скапите, купени од аптека? Овој сируп против кашлица е уште еден таков пример.
Во есенските и зимски денови, кога кашлицата и настинката владеат, најдобро е да пробате нешто природно.
Потребни состојки за овој сируп:
- 250g чист мед
- 60ml квалитетно маслиново масло
- Сок од 3 лимони
Подготовка:
Ставете ги сите состојки во мало тенџере и загревајте ги на тивок оган, додека сирупот не започне да испарува. Тргнете од оган и оставете да се олади.
Сирупот ставете го во мала тегла која добро ќе ја затворите.
Сирупот може да го чувате во ладилник до 3 месеци и да го користите по потреба.
Пред употреба задолжително промешајте и загрејте.
Користете го при првите знаци за настинка или грип.
Дечињата смее да консумираат 2 до 3 кафени лажички дневно, а возрасните 1 до 2 супени лажици.