Извор на калиум и магнезиум: 6 рецепти за одличен оброк со сливи

Без оглед дали сте љубител на слаткото или на солените специјалитети, сливата е состојка која ќе го збогати секој оброк.

izvor-na-kalcium-i-magnezium-6-recepti-za-odlicen-obrok-so-slivi-1jpg

Сливите се богати со калиум, калциум, магнезиум, а содржат и солидна количина од витаминот ц, како и низок процент на масти.

Постојат многу причини зошто да консумирате специјалитети со сливи, па испробајте некој од овие 6 уште денес:

1. Желе бонбони од сливи

izvor-na-kalcium-i-magnezium-6-recepti-za-odlicen-obrok-so-slivi-2

Состојки:

  • 1,5kg сливи
  • 2 чаши шеќер
  • Сок од еден лимон
  • 8 листови желатин
  • Шеќер во прав

Подготовка:

Обложете го плехот со хартија за готвење и оставете го на страна. Измијте ги сливите и исечете ги на пола, па потоа извадете ги семките. Ставете ги листовите од желатин во ладна вода да омекнат, потоа зовријте ги сливите со шеќерот и лимонот и мешајте 20тина минути додека смесата не се згусне. Во блендер промешајте ја смесата, а потоа гответе уште 10 минути. Желатинот додајте го во сливите, па излијте ја смесата во плехот и оставете ја во фрижидер на неколку часа. Кога ќе се стегне исечкајте на коцки, додајте го шеќерот во прав и послужете.


2. Торта од слива

izvor-na-kalcium-i-magnezium-6-recepti-za-odlicen-obrok-so-slivi-3jpg

За вкусна торта од слива потребно ви е:

  • 150g путер
  • 200g шеќер
  • 8 сливи
  • 3 јајца
  • 100g брашно
  • 40g палента

Рерната загрјте ја на 180 степени. Ставете го путерот во огноотпорна тава и стопете го, а потоа додајте го шеќерот и една лажица вода, па гответе уште 5 минути. Откога ќе зоврие, гответе уште 5 минути.

Додајте ги сливите и истресете ги за да се измешаат со смесата, па тргнете ги од топлината. Во голем сад изгмечете го остатокот од путерот и шеќерот, па додајте ги жолчките една по една. Потоа додајте го брашното и палентата, а белките смутете ги и додајте ја смесата што сте ја добиле од брашното и прелијте го сето врз сливите. Печете 40 минути.

Кога тортата е готова, свртете ја наопаку врз чинијата, исечете ја и послужете.


3. Ролни од суви сливи и сланина

izvor-na-kalcium-i-magnezium-6-recepti-za-odlicen-obrok-so-slivi-4jpg

Состојки:

  • 24 суви сливи без семки
  • 24 печени бадеми
  • 24 парчиња сланина

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 240 степени. Печете ги бадемите на сува тава додека не пуштат арома и не добијат боја, а потоа малку оладете ги, па ставете еден во секоја слива. Замотајте ги полнетите сливи во сланина, па зацврстете со чепкалки за заби. Печете ги 10тина минути и во текот на печењето еднаш превртете ги.


4. Џем од сливи

izvor-na-kalcium-i-magnezium-6-recepti-za-odlicen-obrok-so-slivi-5jpg

За да направите совршен џем од сливи потребно ви е:

  • 5kg сливи без семки
  • 1kg шеќер
  • 2 кафени лажички цимет
  • 2 кесички ванилин шеќер

Измијте ги сливите и извадете ги семките. Помешајте ги со половина од шеќерот и гответе ги додека не омекнат. Во текот на готвењето мешајте, а по 4 часа додајте го остатокот од шеќерот и гответе додека не испари вишокот на течност

Пред крајот на готвењето додајте ги циметот и ванилинот шеќер. Оладете го џемот и префрлете го во однапред подготвени стаклени тегли.


5. Колач со сливи и бадеми

izvor-na-kalcium-i-magnezium-6-recepti-za-odlicen-obrok-so-slivi-6jpg

Состојки за кора:

  • 375g брашно
  • 15g шеќер
  • 225g Путер
  • 1 јајце
  • 4 лажички ладна вода

Состојки за фил:

  • 200g путер
  • 200g шеќер во прав
  • 2 јајца
  • 200g згмечени бадеми
  • 6 големи сливи без семки

Подгответе го тестото: Помешајте го путерот и брашното, а потоа смешајте го јајцето со водата и истурете го врз измешаниот путер и брашно. Замесете добро и замотајте во фолија, па оставете го половина час во ладилникот.

За филот изгмечете го путерот и шеќерот, па додајте ги јајцата. Потоа додајте ги бадемите и соединете ја целата смеса. Загрејте ја рерната на 180 степени и изладеното тесто ставете го в калап за колач. Прелијте го направениот фил и додајте ги исечканите сливи. Печете 30-40 минути.


6. Свинско полнето со сливи со тестенини во сос од вино

izvor-na-kalcium-i-magnezium-6-recepti-za-odlicen-obrok-so-slivi-7

Состојки:

  • 95g суви сливи
  • 250ml вино
  • 2 кафени лажички маслиново масло
  • 1 кромид
  • 2 парчиња сланина
  • 1 лажичка жалфија
  • 30g сечкани ореви
  • 160g лебни трошки
  • 1 јајце
  • 2kg свинско месо
  • 1 лажица сол
  • 1,5 лажица брашно
  • 375ml говедска бистра супа
  • 400g широки тестенини

Подготовка: Измешајте ги сливите и виното во сад, па поклопете ги и оставете ги да достојат неколку часа или цела ноќ. Исцедете ги и сочувајте 125ml од течноста. Загрејте половина масло во тава и испржете го кромидот и сланината. Мешајте околу 5 минути, па додајте ги сливите, жалфијата, оревите и лебните трошки. Префрлете ги во сад и зачинете со сол и бибер по желба, а на крајот додајте ги јајцата.

Загрејте ја рерната на 240 степени, а потоа наполнете го свинското и замотајте го со конец. Премачкајте со остатокот од маслото и посолете. Печете 30 минути, па смалете ја температурата на 180 степени и печете уште 1 час и 40 минути. Извадете го свинското од рерна и прекријте го со алуминиумска фолија, па оставете го 10тина минути.

Во меѓувреме, исцедете ја течноста од плехот во кој сте го печеле јадењето, а сочувајте една лажичка од течноста. Ставете ја во тава и додајте го брашното и гответе 1 минута, па полека дотурајте од виното и говедската супа. Мешајте неколку минути додека не згусне, згответе ги тестенините и послужете со месото и сосот. 

Би можело да ве интересира:

Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
Лиснати погачици со сладок крем и вишни Ова слатко лиснато задоволство е совршено за појадок или ужинка. Дали би го проб...
Рецепт за сочна штрудла со јаболка и цимет Јаболка, цимет и путер - совршена есенска комбинација на која нема да можете да ...
Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...
Рецепт за најбрзиот десерт од само 3 состојки Што можете да подготвите за десерт набрзина, без да губите премногу време? За ов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg