Зимници за кои сите ќе ви бараат рецепт
Времето за подготовка на зимница оваа година започна нешто порано од вообичаено, па повеќето зеленчуци треба порано да ги подготвите за зимата која ни следи.
Искористете ги викендите за подготовка на најомилените додатоци, салати и сосови по овие рецепти.
Доколку сте скептични при испробување на нов рецепт, направете помала количина, па споделете го искуството.
Никогаш не знаете каков специјалитет можете да произведете...
Шарен ајвар
Состојки:
- 12kg пиперки
- 3kg модар домат
- 2kg моркови
- 1,5l масло
- 250g шеќер
- 200ml оцет
- 4 лажици сол
- 100g сенф
Подготовка:
Пиперките и модрите домти испечете ги, излупете и сомелете. Морковите сварете ги и сомелете ги. Сите зеленчуци измешајте ги во голем сад, па додајте го маслото, шеќерот, оцетот и солта.
Варете во длабоко тенџере на умерена температура, со повремено мешање, додека не забележите згуснување на дното на садот.
Тргнете ја смесата од оган и додајте го сенфот.
Чистите и суви тегли ставете ги во рерна, вклучете ги на 100 степени и по 15-20 минути пресипете го топлиот ајвар. Затворете ги теглите, замотајте ги во пешкир и оставете ги да се изладат.
Лутеница
Состојки:
- 5kg домати
- 7kg црвени пиперки
- 1/2kg мали гамби
- 250g масло
- 250g oцет
- 250g шеќер
- 1-3 главици лук (по желба)
- Сол
- Магдонос
Подготовка:
Испечете ги излупете пиперките, а потоа отстранете им ги дршките и семките. Доматот изрендајте го и варете го на тивок оган со маслото, оцетот, шеќерот и солта, додека смесата не се намали двојно.
Потоа се додајте ги пиперките, па смесата пржете ја околу 30 минути. 5 минути пред крај додајте го сечканиот лук, магдоносот и малите гамби.
Теглите ставете ги во рерна, вклучете ги на 100 степени и по 15-20 минути ја пресипете лутеницата. Затворете ги теглите, замотајте ги во пешкир и оставете ги да се изладат.
Домати во шише
Состојки:
- 10kg домати
- 10 лажици сол
- 20g мелен бибер
- 1 парче конзерванс
Подготовка:
Сомелете ги доматите во машина, па сокот ставете го во големо тенџере. Варете на силен оган, додајте сол по желба и бибер.
Варете околу 100 минути, а пред крајот додадете го конзервансот.
Кога сокот од домати е готов, тргнете го од оган и топол прелијте го во стаклени шишиња кои ќе ги затворите со метално капаче.
Шишињата превртете ги обратно и оставете ги да отстојат 5 минути. Потоа вратете ги во првобитната положба, ставете ги во кутија и замотајте ги со старо ќебе. Оставете ги да отстојат 12 часа пред да ги сместите во ладилникот.
Пиперки во павлака
Состојки:
- 1kg пиперки
- 500g младо сирење
- 1,5 ml млеко
- Сол
Подготовка:
Исчистете ги пиперките, посолете ги од внатрешна страна, па потоа исцедете ги од сокот кој ќе го пуштат.
Младото сирење издробете го со вилушка и по потреба посолете, па со него наполнете ги пиперките до половина и ставете ги во садот во кој ќе стојат.
Сварете го млекото со 1 лажица сол, па додека е топло, прелијте ги пиперките и добро затворете го садот.
Кога ќе се излади и преноќи, ставете го во ладилник. Уште 3 пати на секои 5 дена истурете ја вишокот течност, па прелијте со ново посолено млеко, околу половина литар, па повторете ја постапката.
По 3 седмици, чинијата ќе биде полна со цврста павлака и пиперки.
Туршија
Состојки:
- 4kg зеленчук - зелка, краставички, морков, карфиол, пиперка
- 3l вода
- 7,5 dl вински или алкохолен оцет
- 120g сол
- 150g шеќер
- ½ кесичка винобран
- 3-4 листови ловор
- 1 рен
- Бибер во зрна
Подготовка:
Измијте и исчистете го зеленчукот. Карфиолот одвојте го на поситни делови, ренот излупете го и исечете го на стапчиња. Останатиот зеленчук сечкајте го по желба.
Промешајте ја водата со оцетот, солта и шеќерот додека не се истопат.
Зеленчукот ставете го во тегли, па додајте неколку стапчиња рен, ловоров лист и бибер во зрна. Наполнете ја теглата со течноста и затворете.
Консумирајте по 30-40 дена.
Кисели краставички
Состојки:
- 2kg краставички
- 2l вода
- 1l вода
- 2 главици кромид
- Копар
- 30g шеќер
- Сол
- Бибер
Подготовка:
Измијте ги и исушете ги краставичките, па со виљушка дупнете ги на неколку места.
Наредете ги во тегли и додајте го сечканиот кромид, неколку гранчиња копар и малку бибер.
Во сад измешајте ја водата, оцетот, шеќерот и солта и оставете ја течноста да зоврие.
Прелијте ги краставичките со течноста и оставете ги да отстојат во тегла околу 30 минути на 90 степени.
При подготовката на зимницата добро е да знаете:
1. Лажицата за мешање е најдобро да биде дрвена
2. Користете садови од материјали кои не рѓаат
3. Зимницата чувајте ја на темно, суво и студено место.
4. Никогаш не користете повеќе конзерванси од пропишаната доза, заради тоа што се хемиски средства.
5. За туршија и кисели краставички најдобри се краставичките со рапава кора.
6. За конзервирање најпрепорачливи се ситните домати.
7. Користете само зрели, здрави и квалитетни плодови.
8. Зеленчукот варете го во здрави, неоштетени садови.
9. Сите тапи за шишиња темелно измијте ги во зовриена вода.
10. За зимница користете исклучиво јодирана сол.
Кој е вашиот рецепт или трик за вкусна, сочна зимница?