Рецепт за оригинални шненокли - баш онакви какви треба да бидат
Австралискиот специјалитет кој полека, но сигурно се одомаќини на нашите простори, сега можете да го подготвите по оригиналниот, кремаст рецепт.
Тука не влегува пудингот, вметнатите засладувачи, ниту пак кексите како подлога.
Шненоклите се совршени со својата едноставност и баш такви вреди да ги пробате.
Потребни состојки:
- 700ml млеко
- 4 јајца
- 4 лажици шеќер
- 2 пакетчиња ванилин шеќер
- 2 лажици бело брашно
Подготовка:
Во 600ml млеко ставете ги кесичките ванилин шеќер и 4-те лажици шеќер и оставете да проврие. Во меѓувреме изматете цврст снег од 4 белки и прстофат сол.
Кога млекото ќе проврие, со лажица спуштајте мали делчиња од белката во млекото. Проварете ги неколку минути, па превртете ги на другата страна.
Не треба да ги варите долго, околу 30тина секунди. Кога ќе забележите дека нивната големина нараснала извадете ги со лажица со дупчиња на голема длабока чинија или длабок сад.
Кога сите шненокли ќе бидат подготвени, направете крем од 4-те жолчки, 100ml млеко и 2 лажици бело брашно. Полека, малку по малку мешајте ги сите состојки додека ги греете на оган. Откако смесата ќе се згусне, тргнете ја од оган.
Во садот во кој ги ставивте шненоклите прелијте го жолтиот крем. Оставете го десертот да се олади на собна температура, па потоа ставете ги во ладилник.
По неколку часа проросете ги со ситно рендано чоколадо и послужете.
Пробајте и споделете ги резултатите.