Најслаткиот појадок готов за 30 минути
Денот можете да го започнете на сладок начин – со комбинација на свежо овошје, снегулки и јаворов сируп.
За овој сочен микс потребно ви е:
- 700g шумско овошје
- 100ml јаворов сируп
- 50g шеќер во прав
- 3 лажици овесни снегулки
- 2 лажици вода
- 1 лажица сок од лимон
- Малку цимет
За тесто:
- 300g овесно брашно
- 1 лажица прашок за печење
- 60g сечкан путер
- 2 лажици млеко
- 2 лажици јаворов сируп
- 1 јајце
Подготовка:
Започнете со мешање на шумското овошје, јаворовиот сируп, шеќерот и малку цимет. Смесата која ќе ја добиете ставете ја во длабок сад и загревајте ја додека не проврие. Варете 3-4 минути, додека не добиете изедначена смеса.
Во друг мал сад промешајте ги овесните снегулки, водата и лимонот, па додајте ги во смесата со овошјето.
Варете додатни 2-3 минути и константно мешајте додека смесата не се згусне.
За подготовка на тестото помешајте го овесното брашно, прашокот за печење и додајте го путерот.
Во трет сад измешајте едно јајце, млеко и јаворов сируп.
Во сад за печење прво истурете го филот, а потоа прекријте го со тестото.
Печете 20 – 25 минути на 185 степени, а потоа прелијте го појадокот со шлаг од јајце, млеко и јаворов сируп.
Појадокот можете да го подготвите од вечер, за следниот ден. Чувајте го во пластични садови, на студено место.