Гурмански пуканки: 3 необични идеи во кои може да ги искористите
Ако обожавате да ги грицкате солените пуканки со добар филм или во друштво, добро е да знаете дека може да ги искористите уште на некој начин. Викендов може да пробате некој гурмански експеримент, па да добиете нешто интересно со кое ќе ги изненадите сите.
Вкусот на пуканките може да го менувате зависно од тоа каков зачин или прелив ќе им додадете. Наместо вообичаениот сол, пробајте малку да комбинирате солено-благи вкусови.
1. Сладок мафин со пуканки
Добриот десерт зависи од способноста на готвачот да направи баланс со слатките, горчливите и солените вкусови. Затоа, пуканките се сметаат за одличен елемент при подготовката на некој десерт од чоколадо. Направете класични мафини, па по печењето врз шлагот додајте и по некоја солена пуканка и прелијте ја со карамел.
2. Солено изненадување во чаша
Пуканките може да бидат солено изненадување во вашата чаша со овошна салата. Измешајте ги солените пуканки со парчињата диња, лубеница, праски или наместо плазма бисквитите кои се додаваат заедно со шлагот.
3. Супа со пуканки
Зошто солените пуканки да не ги додадете во некоја кремаста супа или во топено сирење. Наместо печен леб употребете ги пуканките. Истото може да го направите и ако ги додадете во некоја летна салата како Цезар, каде се додаваат кубети. Дополнителен вкус ќе добиете ако испечете тенки парчиња сланина, ги исечкате ситно и ги посипете врз пуканките кои ќе го попримат нивниот вкус и мирис.