Летен ручек: Риба во пивско тесто
Кога ќе имате потреба од нешто сласно, крцкаво и здраво, рибата е секогаш добар избор. Плус, ако и посветите малку поголемо внимание за подготовка, на уживањето ќе му нема крај.
Пилешките прсти за ручек заменете ги со овие крцкави пилешки филети во пивско тесто – брзо, а вкусно. Со комбинација на омилената салата, за помалку од половина час ќе имате совршен летен ручек.
Потребни состојки:
- Масло за пржење
- 2 лажички сушена пиперка
- 4 филети риба (ослиќ или панга)
- 2 лажички сол
- ½ лажица бибер или друг зачин по желба
- 200g брашно
- 1 јајце
- Светло пиво
Подготовка:
Рибата измијте ја, исушете ја и зачинете ја. Загрејте ја фритезата или зејтинот во длабоко тенџере и подгответе покрупна цедалка.
Помешајте го брашното, сушената пиперка, солта и зачинот. Изматете едно јајце во смесата. Постепено додавајте пиво додека не добиете смеса слична на онаа за палачинки.
Рибата исечкајте ја на филети и тенките филети обложете ги со пивската смеса. Пржете неколку минути, додека смесата не зарумени.
Потоа, филетите риби наредете ги на салфетка да се исцедат и послужете со салата.
На здравје!