7 фантастични намени на виолетовиот кромид

Богат со антиоксиданси, се верува дека виолетовиот кромид може да спречи повеќе видови рак, дијабетес, па дури и настинка.

7-fantasticni-nameni-na-violetoviot-kromid-01.jpg

Затоа, вреди да ги испробате овие фантастични, а до сега непознати намени на овој зеленчук:

1. Протријте малку кромид на кожата за да ги оддалечите комарците и бубачките од вас.

2. Ако не го послушавте претходниот совет, триењето на парче виолетов кромид врз убодот од инсект може да ја ублажи болката.

3. Чајот од виолетов кромид одлично ја смирува болката во грлото. Доволно е да зовриете вода и да додадете лушпа од 1 кромид. Кога ќе се олади, чајот е подготвен за консумирање.

4. Кромидот помага и при изгорениците од сонце. Доволно е да го користите како студена облога неколку часа.

5. Исечкајте го кромидот, а потоа истолчете го. Помешајте го со вода и добиената мешавина користете ја за полирање на металните површини. Ќе се изненадите од резултатите.

6. Пресечете една главица кромид и запалете ја скарата. Користејќи виљушка, тријте ги двете половини кромид врз решетката додека не ја исчистите.

7. Загорениот ориз нема потреба да го фрлате. Доволно е во него да ставите половина главица кромид и да отстои неколку минути. Кромидот ќе ви помогне да се впие непријатниот мирис на изгорено.

Би можело да ве интересира:

3 рецепти за деновите кога постите без масло Шпагети со лук и сусам, вкусен ориз со лозови листови или киноа... Што можете да...
Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...
Највкусната посна сарма со праз, по рецепт на нашите баби Бадниковата и божиќната трпеза никако не можат да поминат без посна сарма... Дал...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути) Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
Рецепт за пилешко полнето со печурки и пармезан Ако досега не сте зготвиле пилешки гради на овој начин, пробајте ги веднаш - нем...
Посен ручек за сладокусци - полнети црвени пиперки со ориз и печурки Во деновите на пости, ви препорачуваме превкусен рецепт за црвени пиперки полнет...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg