Подгответе вкусен сладолед со арома на кафе
Комбинирајте го вашиот омилен топол пијалок со слаткото ледено задоволство и ќе добиете вкусен десерт во жешките летни денови.
Наместо да пиете кафе на секојдневниот начин направете си сами сладолед со богат вкус.
Подготовката на ова летно задоволство е брза и едноставна и со сигурност нема да останете рамнодушни.
Повикајте ги пријателите на едно поинакво кафе:
Потребни состојки:
- 500 мл слатка павлака
- 3 јајца
- 100g шеќер
- 1 лажичка сварено домашно кафе
- 10g инстант кафе
Подготовка:
1. Земете ги јајцата и одвојте ги белките од жолчките. Жолчките ставете ги во сад, а потоа додајте го шеќерот. Мешајте ги додека смесата не се соедини и додека не стане густа.
2. Белката од јајцата и павлаката мешајте ги поединечно и во посебни садови.
3. Откога ќе ги измешате сите состојки посебно, спојте ги во еден сад. Мешајте ги заедно жолчките, белките, слатката павлака, ладното домашно кафе и инстант кафето.
4. Мешајте ги сите состојки додека не добиете хомогена смеса.
5. Смесата претурете ја во сад за сладолед и оставете ја во ладилникот додека не се замрзне.
6. Послужете се и уживајте!