Најбрзи и највкусни појадоци

Заради утринското брзање, појадокот често пати го прескокнуваме. Па, ако и денес сте во гужва, еве неколку идеи кои ќе ви помогнат да подготвите едноставен појадок.

najbrzi-i-najvkusni-pojadoci-01

Јајце во леб

Состојки: 1 дебело парче леб, 1 јајце, крем сирење, сол, масло

Подготовка: Парчето леб премачкајте го со крем сирење, а потоа на него ставете го јајцето. Разматено или не, изборот е ваш. По желба зачинете и посолете, премачкајте го парчето леб со масло и ставете го во рерна на 220 степени, 15 минути.

najbrzi-i-najvkusni-pojadoci-02


Паштета од сардина и јајца

Состојки: 1 конзерва сардина, 2 јајца, 1 лажица мајонез, 1 лажица сенф, магданос, сок од ½ лимон, сол

Подготовка: Исцедете ја сардината, а потоа изгмечете ја со виљушката и полијте ја со сок од лимон. Додајте ги варените јајца и повторно изгмечете. Сенфот, мајонезот и сечканиот магданос соединете ги на крај и посолете по желба.

najbrzi-i-najvkusni-pojadoci-03


Намаз од јајца и сланина

Состојки: 4 тврдо варени јајца, 200g сланина, 1 лажица путер, 6 кисели краставички

Подготовка: Во блендер измешајте ја сланината со сите останати состојки додека не добиете густ намаз. Посолете и зачинете по желба.

najbrzi-i-najvkusni-pojadoci-04


Полнети јајца

Состојки: 4 јајца, 50g путер, бибер, сол, магданос

Подготовка: Сварете ги јајцата и одвојте ги жолчките од белките. Во растопен путер додајте ги изгмечените жолчки, сол, бибер и ситно сечкан магданос. По желба, може да додадете изронето сирење или малку павлака.

najbrzi-i-najvkusni-pojadoci-05

Би можело да ве интересира:

Лиснати погачици со сладок крем и вишни Ова слатко лиснато задоволство е совршено за појадок или ужинка. Дали би го проб...
Брз и хранлив оброк: Јајца со кисело млеко или павлака, на турски начин Пржените јајца честопати се дел од нашите оброци, а најчесто ги подгот...
Вкусен викенд појадок - потпечена тортиља со спанаќ и кашкавал Богатство од вкусови за совршен викенд појадок кој се подготвува за 30-тина мину...
4 рецепти кои може да ги направите со јајцата кои ви останаа од Велигден Овие предлог рецепти ќе ви помогнат најдобро да ги искористите јајцата од велигд...
Рецепт за најбрзиот десерт од само 3 состојки Што можете да подготвите за десерт набрзина, без да губите премногу време? За ов...
Највкусната посна сарма со праз, по рецепт на нашите баби Бадниковата и божиќната трпеза никако не можат да поминат без посна сарма... Дал...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg