9 генијални начини за да го искористите овошјето
Покрај тоа што овошјето е слатко и освежително, ви заменува некој оброк и ви дава енергија, може да има уште многу начини за да го искористите. Додека правите торта или некој друг десерт, искористете некоја идеја за да ги изненадите пријателите. Направете нешто невообичаено но оригинално.
1. Замрзнете чоколадо и јагоди
Стопете едно чоколадо за готвење и сипете го во коцките од калапчето за мраз. Во секоја коцка додадете и по една мала јаготка.
2. Диња како чинија
Половина од издлабената дињата може да ви послужи како чинија за овошна салата.
3. Лубеница како торта
Парче лубеница обложете го со кокосово млеко, ванила и мед или шлаг измешан со парчиња бадем.
4. Полнети малини
Малините може да ги наполните со мали парченца бела чоколадо или со нешто што е по ваша желба.
5. Сладолед од банана
Сладолед од само една состојка. Доволно е да ја ставите во блендер и да ја замрзнете.
6. Сендвич од јаболко
Потребни ви се исечени кругови од јаболко, путер од кикирики и измелени ф`стаци. Намачкајте го путерот на парчињата јаболко и наросете им од ф`стаците. Ќе уживате во вкусот.
7. Овошно тако
Дали ќе го јадете како појадок или ужинка не е важно. Само наредете ги парчињата овошје во такото и додадете крем или пудинг од ванила.
8. Суши
Направете суши од овошје. Слободно пуштете ја фантазијата и комбинирајте различни вкусови и бои.
9. Додајте банани во хумус
Ако го сакате арапското мезе хумус кое станува сè попопуларно, додајте банана и ќе добиете интересен нов вкус.