Вкусот на ориентот - Лахмаџун

Во пролетните денови кои се пред нас ви препорачуваме да пробате нешто вкусно и ориентално.

vkusot-na-orientoto-lahmadzun-01

Ако досега сте немале прилика да пробате турска пица, позната како лахмаџун, време е да го сторите тоа.

Еве уште подобра идеја како да се искористи убавото време - поканете го друштвото и покажете се како вистински експерт во кујна.

Подготовката на пицата е брза и едноставна, а во исто време е толку свежа, некалорична и вкусна.

Ако се решите да пробате нешто ново, ова е рецептот:

Состојки:

За тесто:

  • 350g брашно
  • 1 кесичка квасец
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка шеќер
  • 200 ml млака вода
  • 2 големи лажици маслиново масло

За фил:

  • 1 кромид
  • 1 црвена пиперка
  • 2 лажички сос од домати
  • 250 грама мелено месо
  • 1 лажичка магданос
  • Сол и бибер

Начинот на подготовка е следниот:

Сите состојки што ви се потребни за тестото ќе ги ставите во еден длабок сад, убаво ќе ги измешате и ќе го оставите тестото да отстои 40 минути.

Кромидот и пиперката ситно исечкајте ги или уште подобро измелете ги. Додадете ги доматите, солта, магдоносот, биберот и убаво измешајте.

Сите состојки измешајте ги и пропржете ги заедно со меленото месо, околу 10-тина минути.

Подготете 2 тепсии со хартија за печење на нив. Ставете малку брашно на работната маса, поделете го тестото на 2 еднакви дела и растегнете ги во кружна форма. Врз тестата нанесете го филот.

Рерната вклучете ја на 220 степени и печете од 8 до 10 минути.

Откако ќе се испече тестото, пресечете го лахмаџунот и врз секое делче сервирајте зелена салата, исцедете малку свеж лимон, а може и да ги свиткате парчињата во ролна.

Добар апетит!

vkusot-na-orientoto-lahmadzun-1

Би можело да ве интересира:

Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...
2 рецепта за посното мени на Свети Никола што може да ги подготвите и во последен миг Рибата можете да ја испечете во Air Fryer, а во компир салатата да додадете и ма...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути) Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
Рецепт за најбрзиот десерт од само 3 состојки Што можете да подготвите за десерт набрзина, без да губите премногу време? За ов...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Рецепт за здрава пица со тесто од црвена леќа, погодна и за деновите кога се пости Направете една поинаква пица и изненадете ги вашите блиски со вкус кој не го оче...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg