Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Водич за олеснување на постите

Животот на сите ни се чини малку потежок кога треба внимателно да одбираме што да јадеме, а што да избегнеме. Но, кога веќе решивте да се придржувате кон постите, пробајте да си ја олесните работата.

vodic-za-olesnuvanje-na-postite-01

Ден пред постот

Само 24 часа пред да почнете со постење размислувајте позитивно, донесете цврсти и трезвени одлуки и бидете полни со самодоверба. Подгответе го телото за откажување од вкусните задоволства, јадете малку и јадете едноставно.

За лесна детоксикација на телото јадете 3 пати дневно по 1dl јогурт со 1 лажица ленено семе.

Овој ден поминете го без брзање и стрес, добро прошетајте и наспијте се.

За време на постот

Наутро испијте по 1l млака вода во која ќе додадете свеж лимонов сок.

Еден час подоцна испијте свеж сок од моркови кои ќе го прочистат црниот дроб.

Почетниците за време на постите наутро може да консумираат топла супа од домат, морков, компир или целер, затоа што овие состојки ќе им ги „наполнат батериите“ и се извор на голем број витамини.

Поискусните за појадок може да пијат свежи сокови во кои ќе доминираат морковите, цвеклото, краставицата и доматот.

vodic-za-olesnuvanje-na-postite-02

Прв ден

Првиот ден најдобро е да уживате во удобноста на вашиот дом - спијте, слушајте музика, читајте. Така полесно ќе се прилагодите на намалената исхрана, без да трошите премногу енергија.

Вториот и третиот ден

Вториот ден може да стане мачен и да почувствувате глад. Кога на ред ќе дојде несигурноста дали ќе издржите до крај, наградете се со овошен или зеленчуков сок по ваша желба.

Истото важи и за третиот ден, кога може да испробате некој нов посен рецепт и да ручате во друштво на пријателите.

Кризи во постот

По првите 3 дена ќе се почувствувате полесно, порелаксирано и поздраво, но има шанси да се појават кратки вртоглавици и малаксаност во утринските часови.

Кога ќе се почувствувате послаби, појадувајте наместо да испиете голема чаша цеден сок.

Никогаш не се воздржувајте од испробување на посни, но сочни рецепти.

И запаметете, постот е најприродниот лек кој нашето тело го враќа на природен и здрав пат.

vodic-za-olesnuvanje-na-postite-03

Би можело да ве интересира:

Колач медено срце - посен десерт чиј вкус потсетува на детството Брз, едноставен и со вкус кој ќе ви врати носталгија - колачот Медено срце е нав...
Рецепт за здрава пица со тесто од црвена леќа, погодна и за деновите кога се пости Направете една поинаква пица и изненадете ги вашите блиски со вкус кој не го оче...
Предлог ручек: Орзо со пилешко и грашок Ако не знаете што да зготвите за ручек, пробајте го овој брз и вкусен рецепт - о...
Рецепт за посна салата од компири со прелив од кари Компирите честопати се дел од нашето мени, без разлика дали е за ручек, како сал...
Рецепт за јајца Бенедикт - омилениот бранч оброк Јајца Бенедикт се едно од најпопуларните јадења за доцен појадок или за бранч (о...
Рецепт за пилешко полнето со печурки и пармезан Ако досега не сте зготвиле пилешки гради на овој начин, пробајте ги веднаш - нем...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg