3 посни специјалитети за вашата празнична трпеза
Ако мислевте дека посното е здодевно - грешите. Потребни ви се само неколку поздрави состојки и силна желба да создадете вкусно ремек-дело.
Ова се 3 вкусни предлози кои можете да ги испробате уште денес:
Ослич во бело вино
Потребно ви е: 1kg филети оослич, 2 моркови, целер, бибер, чаша бело вино, чаша вода, брашно, масло, сечкан магдонос, сол
Подготовка: Морковите и целерот исечкајте ги на кругови. Рибата наредете ја во тава и прекријте ја со зеленчукот, а потоа додајте малку масло, сол и бибер. Ставете ја да се пече.
Сосот подгответе го така што на тивок оган ќе загревате 2 лажици масло, ќе додадете 2 лажици брашно, малку сол и бибер. Смесата разредете ја со чаша вино и чаша вода. Кратко варете ја течноста со постојано мешање.
На крај, прелијте ја рибата и допечете уште 10тина минути. На крај, исечкајте го магдоносот и зачинете по желба.
Компир салата
Потребно ви е: 500g компири, 200g целер, 50g маслинки, 1 црвена пиперка, 100g посен мајонез, кромид, сол и бибер
Подготовка: Компирот добро сварете го и исечкајте го на кругови. Целерот исчистете го и исечкајте го на кришки, исто како и кромидот. Пиперката ситно исечкајте ја, а на маслинките извадете им ги семките и пресечете ги на половина.
Промешајте ги сите состојки со мајонезот и по желба посолете и зачинете.
Ролат од кокос
Потребно ви е: 200g мелени посни бисквити, арома од портокал, 200g брашно од кокос, 200g шеќер, вода
Подготовка: Половина шолја вода сварете ја неколку минути, па додајте го шеќерот. Поделете го шербетот на два дела.
Во првата половина додадете ги бисквитите и аромата од портокал, а во другата половина додадете го брашното од кокос.
Смесата од бисквити растапкајте ја на тава обвиткана со хартија за печење, а од горе додајте ја смесата од кокос. Потоа замотајте го во вид на ролат.
Оставете го да се олади, проросете уште малку брашно од кокос и колачот е подготвен за служење.