Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Брз рецепт за сочни, чоколадни лазањи

Познати ви се рецептите за оние класичните, како и за вегетаријанските, но дали го знаевте рецептот за чоколадни лазањи?

brz-recept-za-socni-cokoladni-deserti-01

Ако сакате кремасти колачи кои не бараат преголеми кујнски вештини, а воедно сте и голем љубител на чоколадото, овој рецепт е измислен за вас.

Потребни состојки:

  • 36 чоколадни кекси Орео
  • 6 лажици растопен путер
  • 250g крем сирење
  • ¼ шолја шеќер
  • 2 лажици ладно млеко
  • 500ml павлака за шлаг
  • 2 кесички пудинг од чоколадо
  • 750ml млеко
  • 1 ½ шолја рендано чоколадо или чоколадни трошки

Подготовка:

Во блендер измелете ги чоколадните кекси, а потоа додајте им го растопениот путер. Тврдата смеса добро израмнете ја на тава на која претходно ќе ставите хартија за печење.

Додека го подготвувате филот, тавата ставете ја во ладилник.

brz-recept-za-socni-cokoladni-deserti-02

Крем сирењето со миксер матете го, па потоа додајте ги двете лажици млеко и шеќерот. Матете додека не добиете пенеста смеса, а потоа додајте 1 шолја шлаг од павлаката.

Филот распоредете го во тавата и вратете го на ладење.

Чоколадните пудинзи заедно со 750ml млеко сварете ги додека не добиете густа чоколадно смеса.

Откако ќе се олади пудингот додадете го врз чоколадните кекси и белиот фил, па потоа пак оставете ја тавата во ладилник.

По 40тина минути прелијте ги лазањите со изматената павлака во вид на пена, а потоа проросете го ренданото чоколадо или чоколадните трошки.

И откако ќе ги пробате лазањите, задолжително споделете го слаткото искуство.

На здравје!

brz-recept-za-socni-cokoladni-deserti-03

Би можело да ве интересира:

Чоколадни бомбици од смеса за готова торта Со смеса за чоколадна торта за час ќе направите супер десерт - вкусни бомбици со...
Колач медено срце - посен десерт чиј вкус потсетува на детството Брз, едноставен и со вкус кој ќе ви врати носталгија - колачот Медено срце е нав...
Здрава ресана торта, подготвена во блендер Портокал, чоколадо, јаворов сируп, ванила... оваа торта е вистински здрав делика...
Лесни рецепти со кои ќе ги искористите преостанатите жолчки и белки Од белките направете омлет, а жолчките можете да ги искористите за сладок крем о...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
Чоколадна баклава со крем од ф’стаци Ако сте љубител на баклава, но и на ф’стаци, тогаш нема да можете да му одолеете...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg