Подгответе: Здрави десерти полни чоколадо
Црната чоколада всушност може да биде одлична за регулацијата на шеќер во крв, па само едно парче може да направи чуда. Тогаш, зошто да не ја искористите за неколку слатки делиции?
Колач со двојно чоколадо
Потребно ви е:
- ½ шолја путер
- 1 и 1/3 шолја темна чоколада
- 2 јајца
- 1 шолја шеќер
- Лажица екстракт од ванила
- ½ шолја брашно
- 2 лажици незасладено какао
- 1 шолја сечкани ореви
Од дадената мерка ќе добиете 24 колачи, за кои потребни ќе ви бидат 25 минути за подготовка и половина час за печење.
Подготовка:
Ставете хартија за печете во тава, а рерната загрејте ја на 180 степени.
Истопете го путерот и ¾ шолја чоколадо, па оставете го да се олади.
Изматете 2 јајца, додајте им го шеќерот, а кога ќе добиете пенеста смеса додајте го екстрактот од ванила и оладената мешавина на чоколадо и путер.
Преку смесата истурете го какаото, брашното, оревите и парчињата преостанато чоколадо, па мешајте со лажица.
Намачкајте ја тавата со малку путер и смесата истурете ја во неа. Печете 30 минути.
Изладете го колачот, па исечете го на 24 вкусни чоколадни коцки кои може да ги прелиете со бел крем и сезонско овошје. Преклопете ги како мини слатки сендвичиња.
Чоколадно фонду
Потребно ви е:
- 1 шолја млеко со намалена масленост
- ¼ шолја шеќер
- ¼ шолја какао прав
- Лажица екстракт од ванила
- 170g чоколада со над 60% какао
- Овошје по желба
Подготовка:
Во длабок сад измешајте го млекото со шеќерот, додајте го какаото и ванилата додека состојките не се соединат.
Додајте го чоколадото и загревајте на пареа додека чоколадата не се растопи, за што потребни се 10тина минути.
Послужете ситно сечкано овошје и во мал сад претурете ја чоколадната смеса.
Горчлив чоколаден колач
Потребно ви е:
- 180g темно чоколадо
- 1/3 путер
- 4 јајца
- ½ кафеав шеќер
- 3 ½ шолја брашно
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени. Подмачкајте ја тавата и покријте ја со хартија за колачи.
Исечкајте ја чоколадата, измешајте ја со путерот и топете ја на пареа.
Во меѓувреме во друг сад изматете ги јајцата со шеќерот додека не добиете густа смеса. Растопеното чоколадо додадете го во јајцата и на крајот измешајте го и брашното.
Смесата истурете ја во тавата и израмнете ја површината. Печете 15 до 20 минути, а потоа оладете го колачот.
Исечкајте го на ситни парченца и прелијте го со растопено црно чоколадо или овошен сируп.