Зајакнете го имунитетот со 2 витамински бомби

обриот имунитет е отпорност на организмот на различни болести, а со тоа и добро здравје. Иако во нашите аптеки секојдневно има сè повеќе препарати за зајакнување на имунитетот, народните лекови не ја губат својата популарност и значењето во овој процес.

zajaknete-go-imunitetot-vo-semejstvoto-so-2-vitaminski-bombi-01

Тоа е разбирливо бидејќи ниеден синтетички препарат од аптека не може да ги замени природните производи кои се лесно достапни и многу ефикасни во лечењето на разни болести.

Подгответе два витамински рецепти кои ви ветуваат секојдневно здравје за целото семејство

1.Детска витаминска бомба во тегла

zajaknete-go-imunitetot-vo-semejstvoto-so-2-vitaminski-bombi-1

Потребни состојки:

  • 100 гр суво грозје
  • 150 гр ореви
  • 100 гр бадеми
  • кора од 2 лимона
  • 100 гр суви кајсии
  • 100 гр суви сливи
  • 250-300 гр мед

Начин на подготовка:

Во машина за мелење месо сомелете ги: сувото грозје, оревите, бадемите и лимоновата кора. Во смесата додајте сок од два лимона, чијашто кора претходно сте ја сомлеле. Промешајте. Потоа додадете ги сувите сливи и сувите кајсии. Промешајте. На крај додајте мед и повторно промешајте. Оставете ја смесата да отстои на темно место 1-2 дена.

За деца постари од 3 години: 1 лажичка дневно, а за повозрасни деца 1-2 лажички дневно. Теглата со витамини чувајте ја во фрижидер.


2. Витаминска бомба за возрасни

zajaknete-go-imunitetot-vo-semejstvoto-so-2-vitaminski-bombi-2

Потребни состојки:

  • 200 гр суви кајсии
  • 200 гр суви сливи
  • 200 гр суви смокви
  • 200 гр ореви
  • 1 лимон
  • 50 мл ракија
  • 250 гр мед

Начин на подготовка:

Сувото овошје и лимонот заедно со кората сомелете ги во машина за мелење месо. Во смесата додајте мед и ракија и промешајте. Теглата чувајте ја во фрижидер.

Земајте по 1 супена лажица пред секој оброк.

Би можело да ве интересира:

Највкусната посна сарма со праз, по рецепт на нашите баби Бадниковата и божиќната трпеза никако не можат да поминат без посна сарма... Дал...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
Викенд десерт: Чизкејк со прелив од јагоди, што не се пече Јагодите се омиленото пролетно овошје, а со оглед што не стојат премногу долго с...
Лиснати погачици со сладок крем и вишни Ова слатко лиснато задоволство е совршено за појадок или ужинка. Дали би го проб...
Рецепт за здрава пица со тесто од црвена леќа, погодна и за деновите кога се пости Направете една поинаква пица и изненадете ги вашите блиски со вкус кој не го оче...
Рецепт за сочна штрудла со јаболка и цимет Јаболка, цимет и путер - совршена есенска комбинација на која нема да можете да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg