Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Подгответе: Лесна торта од чоколадни палачинки

Кога веќе ќе се изморите од празничните специјалитети, “одморете” и почестете се со еден брз, а неверојатно чоколаден рецепт.

podgotvete-lesna-torta-od-cokoladni-palacinki-05

Чоколадните палачинки се сечија слабост, па во комбинација со ванила крем и кокос, не веруваме дека некој ќе ги одбие.

Потребни состојки:

За палачинки

  • 175g брашно
  • 4 лажички какао
  • 100g шеќер
  • 4 лажички масло
  • 2 лажички екстракт од ванила
  • 350ml млеко

За крем

  • 1 пудинг од ванила
  • 2 лажици шеќер
  • 300ml млеко
  • 100g брашно од кокос

За декорација

  • Сезонско овошје
  • Топено чоколадо

Подготовка:

Измешајте ги сите состојки за тестото, по ред, додека не добиете нешто погуста смеса од онаа за обични палачинки.

podgotvete-lesna-torta-od-cokoladni-palacinki-01

На тавче полиено со малку масло, пржете палачинки со големина по ваша желба. Ако имате потреба од метален калап, можете да го искористите за да добиете еднакви кругови.

podgotvete-lesna-torta-od-cokoladni-palacinki-02

Кога сите палачинки ќе бидат готови, сварете го пудингот со 2те лажици шеќер. Откако ќе се олади, додадете го брашното од кокос и мешајте додека добро не се соедини.

На голема чинија редете една палачинка, па премачкајте 1-2 големи лажици од кремот. Повторувајте ја постапката додека имате материјал.

podgotvete-lesna-torta-od-cokoladni-palacinki-03

На крај прелијте ја тортата со топено чоколадо или чоколаден прелив и додадете ситно сечкано овошје.

podgotvete-lesna-torta-od-cokoladni-palacinki-04

Проросете цимет или ванила и тортата е готова за послужување!

podgotvete-lesna-torta-od-cokoladni-palacinki-06

Би можело да ве интересира:

Палачинки со сирење и шунка - одлична идеја за викенд појадок Палачинките се секогаш одличен избор за појадок, вечера, ужина или десерт. Но, д...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
Колач медено срце - посен десерт чиј вкус потсетува на детството Брз, едноставен и со вкус кој ќе ви врати носталгија - колачот Медено срце е нав...
Здрава ресана торта, подготвена во блендер Портокал, чоколадо, јаворов сируп, ванила... оваа торта е вистински здрав делика...
Принцес ролат - побрза варијанта на принцес крофни За сите љубители на принцес крофните имаме одличен рецепт за десерт - принцес ро...
Рецепт за сочна штрудла со јаболка и цимет Јаболка, цимет и путер - совршена есенска комбинација на која нема да можете да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg