Како да подготвите новогодишна пица?
Првото нешто кое ќе ви прелета низ главата е прашањето: Која ли е разликата помеѓу обичната и новогодишната пица? Можеби на вкус и нема голема разлика, меѓутоа изгледот на пицата е оригинален.
За да ја подготвите новогодишната пица нема да ви биде потребно ништо повеќе од основните намирници:
- Тесто
- Кечап
- Кашкавал
- Моцарела
- Кулен
- Зеленчук по желба
Тајната во подготовката не е ниту во тестото, ниту во намирниците. Сè што треба да направите е да го исечете стандардното тесто во вид на триаголник, со мал квадрат на едната страна.
Потоа, препуштете и се на креативноста. Експериментирајте со вкусовите, комбинациите, боите на намирниците и шарите кои ќе ги создадете со нив.
На крај, печете на 180 степени околу 30тина минути и послужете ја на својата празнична трпеза. Ќе бидете пријатно изненадени од коментарите и насмевките кои ќе ги предизвикате.