Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Брз домашен Нутела сладолед

Овој домашно приготвен сладолед се разликува од секој останат. Вкусот е неповторлив и неодолив, па затоа не се двоумете дали да се почестите со еден ваков сладок десерт.

brz-domasen-nutela-sladoled-01

Можете и да го комбинрате со овошни плодови како што се јагодите, капините и малините. Тие ќе му дадат освежувачка нота, но чоколадното задоволство дефинитивно ќе преовладува.

За подготовка на овој десерт потребно ви е:

  • ¾ шолја млеко
  • ½ шолја цврста блага павлака
  • ¼ шолја шеќер
  • 5 полни лажици Нутела
  • 1 прстофат сол
  • ½ лажица екстракт од ванила


Начин на подготовка:

Ставете ги сите состојки во блендер и мешајте додека состојките не се соединат. Тоа ќе трае отприлика 20тина секунди.

Претурете ја смесата во пластичен сад кој ќе го оставите во замрзнувач неколку часа.

Комбинирајте со овошје пред самото сервирање.

brz-domasen-nutela-sladoled-02

Би можело да ве интересира:

Пролетен десерт: Рецепт за лиснат ролат со јагоди Личат на мини штрудлички од лиснато тесто, полнети со домашно зготвен фил од све...
Брз десерт - лиснати цветови со Нутела За овој десерт ви требаат само 3 состојки - и трпение да се излади пред да го ја...
Зимски колач со јаболка и сладолед - се топи во уста Ако еднаш го пробате овој колач, ќе го подготвувате и за себе и за кога ќе ви се...
Лисната пита со крушки и цимет - одличен зимски десерт Додека трае сезоната на круши, лесно и брзо можете да подготвите еден поинаков д...
Лиснати погачици со сладок крем и вишни Ова слатко лиснато задоволство е совршено за појадок или ужинка. Дали би го проб...
Печени јаболки во лиснато тесто, полнети со ореви Кога ќе споите јаболки, цимет и ореви, добивате совршен есенски вкус и мирис. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg