Рецепти за 3 брзи велигденски салати со јајца, освен популарната „Мимоза“
Кремаста зелка салата со јајца или таратор сервиран со варени јајца - неколку нови идеи за брзинска подготовка на велигденски салати со јајца, ако ви се здосади класичната Мимоза и свежата марула салата.
Редената Мимоза, но и свежата марула салата со краставички и варени јајца се класика за Велигден и трпезата не проаѓа без нив.
Но, ако сакате да смените нешто или да дополните некоја кремаста велигденска салата, имаме неколку предлози за вас.
Се подготвуваат брзо и лесно, со состојки кои веројатно ги имате веќе испазараено за ручекот.
Зелка салата со сечкани белки и прелив од жолчка
Потребни состојки:
- Една зелка
- Една краставица
- 4-5 варени јајца
- Неколку лажици павлака или грчки јогурт
- Една лажица мајонез
- Копар и зачини
Начин на подготовка:
- Исечкајте ја ситно зелката, белките од јајцата и крастивицата и ставете ги во длабок сад.
- Во посебен сад измешајте ги жолчките, павлаката, мајонезот и копарот и соединете ја смесата додека не добиете прелив.
- Прелијте ја салатата, зачинете со сол по вкус и измешајте.
Видео постапка:
@dinascooking Creamy Egg & Cabbage Salad #creamysalad #eggsalad #cabbagesalad #salad #salads #vegtablesalad #like #share #follow #food #foodie #foodblogger
-->-->♬ Life - Official Sound Studio
Крем салата со јајца и кисели краставички
Потребни состојки:
- Неколку варени јајца
- Неколку кисели краставички
- Малку кромид, ситно сечкан
- Павлака
- Сенф
- Лимонов сок
- Магдонос
- Сол
Начин на подготовка:
- Сите состојки треба да бидат ситно исечкани, ги мешате со течните состојки и зачините во еден сад, додека не добиете кремаста смеса. По потреба, додавате од што мислите дека е потребно повеќе за текстура или вкус.
Видео постапка:
@eatsmarter_de Du hast noch bunte Eier von Ostern übrig? 🤓 So kannst du sie verwerten! 🤌 #eiersalat #ostern #eier #resteverwertung #foodtiktok
♬ Aesthetic - Tollan Kim
Таратор сервиран со варени јајца
Потребни состојки:
- Краставица
- Младо кромитче и лукче
- Павлака
- Малку мајонез
- Варени јајца
- Сол, бибер и копар
Начин на подготовка:
Краставицата исечете ја на ситни парчиња, измешајте ја со павлака, мајонез и зачини, сервирајте ја во убава чинија и одозгора наредете варени јајца сечени на кругови.
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





