Рецепт за плазма торта со банана, без печење
Банана, плазма, чоколадо - идеална комбинација за вкусен десерт. А ако размислувате дали да ја направите имајте предвид дека нема да треба да ја печете!
Слатките задоволства некогаш се подготвуваат долго, а некогаш, како оваа плазма торта со банана - многу брзо.
За неа ќе ви требаат само 20-тина минути, па задолжително подгответе ја. А вкусот ќе ве воодушеви, што ќе почнете да ја правите често.
Потребни состојки:
- 600g мелени плазма бисквити
- 130g стопен путер
- 135ml млеко
- 4 лажици шеќер во прав
- 5 лажици кисела павлака
- 2 сечкани банани
- 400ml слатка павлака
- 160g чоколадо
Начин на подготовка:
- 300g од мелените плазма бисквити, растопениот путер и млекото соединете ги со миксер.
- Смесата ставете ја на дното на калап за торти и силно притиснете за да ја „залепите“ убаво и да не се рони.
- Подгответе го филот така што во длабок сад ќе го ставите остатокот од мелената плазма (300g), шеќерот во прав, киселата павлака и сечканите банани.
- Изматете ги сите состојки со миксер, па кога ќе се соединат убаво, додајте 200ml од слатката павлака.
- Мешајте за филот да стане компактен, а потоа истурете го врз основата од бисквити.
- На крајот подгответе го чоколадниот прелив.
- Во тенџере на рингла загрејте го остатокот од слатката павлака во која сте го ставиле чоколадото.
- Кога чоколадото целосно ќе се растопи, прелијте ја тортата.
- Оставете ја во фрижидер добро да се стегне, па послужете ја.
Видео постапка:
А. Ј. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:

Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат
Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...

Здрава ресана торта, подготвена во блендер
Портокал, чоколадо, јаворов сируп, ванила... оваа торта е вистински здрав делика...

Рецепт за колач со кокос и плазма, без печење
Овој брз десерт без печење им успева на сите, дури и на оние што не ги „бива“ во...

Колач медено срце - посен десерт чиј вкус потсетува на детството
Брз, едноставен и со вкус кој ќе ви врати носталгија - колачот Медено срце е нав...

Брз ролат со плазма и овошје (без печење)
Ако сте љубител на чизкејк, тогаш овој ролат без печење ќе ви се допадне, бидејќ...

Ролат со спанаќ и пршута - ќе барате парче плус
Ролатот со спанаќ има неколку различни варијанти, а ние овој пат го споделуваме ...