Лиснати колачиња со малини и бело чоколадо, совршени за празничните денови
Крцкави, вкусни колачиња кои се топат во устата се идеален избор за претстојниот празничен период.
Наместо да подготвувате класични колачи за семејството или за гости, направете лиснати колачиња со малини и бело чоколадо.
Постапката е едноставна, но пред да почнете, погледнете го видеото.
Потребни состојки:
- 1 пакување лиснато тесто
- 100g замрзнати малини
- 100g шеќер
- 1 бело чоколадо
Начин на подготовка:
- Оставете го листантото тесто малку да се одмрзне, па развлечете го на работната површина.
- Преклопете го подолгиот дел од лиснатото тесто на половина за да ја означите средната точка (како во видеото).
- Ставете ги замрзнатите малини во процесор за храна и матете за да станат како ситен прав (ако немате процесор за храна, ставете го во затворена кеса и здробете ги со сукало).
- Додадете ⅔ од шеќерот во сад, а потоа во него просејте го прашокот од малина (фрлете ги семките што нема да поминат низ цедалката).
- Изматете за убаво да се соедини.
- Врз лиснато тесто, ставете ја преостанатата ⅓ од шеќерот и убаво натапкајте го.
- Потоа, обилно посипете го со шеќерот со малина, но само толку колку што ќе треба за да го премачкате целосно тестото, не го ставајте целиот шеќер.
- Притиснете го шеќерот со рацете, а потоа и со сукало расукајте го уште малку.
- Преклопете ги двата краја од тестото кон средината, така што околу ќе ви остане тесто за уште еден преклоп (погледнете го видеото за правилен начин на преклопување) и посипете со со уште малку шеќер со малина.
- Кога ќе го направите последниот преклоп (за да се спојат двете страни од тестото на средината), посипете ги со малку повеќе обичен шеќер.
- Ставете го тестото во замрзнувач околу 30 минути, а во меѓувреме загрејте ја рерната на 220°С.
- Извадете го тестото од замрзнувачот и исечете ги на парчиња дебели околу 2-3cm.
- Ставете ги лиснатите колачи на плех, врз хартија за печење.
- Печете околу 8-10 минути, па превртете ги со шпатула и печете дополнителни 4-5 минути за да поруменат и не станат крцкави.
- Оставете да се изладат целосно, а потоа потопете го во стопено бело чоколадо и посипете ги со малку прав од замрзнатите малини.
Видео постапка:
А. Ј. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:

Рецепт за брзи лиснати ролнички со сланина
Ако ви се најават гости или сакате да зготвите нешто брзо за ужинка за домашните...

Здрава ресана торта, подготвена во блендер
Портокал, чоколадо, јаворов сируп, ванила... оваа торта е вистински здрав делика...

Рецепт за божиќни путер колачиња
Внесете ја празничната магија во вашиот дом и нека замириса на превкусни путер к...

Најлесниот рецепт за божиќно венче од ѕвезди полнети со чоколадо
Се прави со готово лиснато тесто, се мачка чоколаден крем, а исечените форми се ...

Рецепт за колач со кокос и плазма, без печење
Овој брз десерт без печење им успева на сите, дури и на оние што не ги „бива“ во...

Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости
Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...
-->
-->