Предлог рецепти за божиќните пости – вкусни оброци без месо

Што да јадете кога постите? Подгответе некои од овие вкусни рецепти, што ќе ви докажат дека и посната храна може да биде вкусна.

predlog-recepti-za-bozhikjnite-posti-hranata-mozhe-da-bide-vkusna-i-bez-meso-01.jpg

На 28-ми ноември почнуваат божиќните пости, кои траат 40 дена.

Во овој период христијаните треба да се воздржат од мрсна храна, грешни мисли и дела и да се подготват за прославување на големиот празник Божиќ.

Иако многумина сметаат дека посната храна е здодевна, без вкус, затоа што нема месо, сепак, овие рецепти ќе ви покажат дека и во периодите на пост можете да уживате во различни вкусови и рецепти.

Погледнете што можете да подготвите додека постите:

Хумус од леќа и маслинки

Потребни состојки:

  • 100g зелени маслинки;
  • 100g црвена леќа;
  • 200g моркови;
  • 1-2 лажици маслиново масло;
  • ½ лажица сол;
  • Мешавина од зачини по вкус (црн бибер, чили и сл.);
  • 200-250ml вода.

Начин на подготовка:

  • Морковите се сечкаат на ситни коцкички и се динстаат на загреано маслиново масло, или на вода;
  • Се додаваат зачини и леќата, па се додава вода, додека не ја прекрие леќата и се прекрива;
  • Леќата и морковите се оставаат да се варат на среден оган околу 25 минути;
  • Леќата се остава да се олади, ѝ се додаваат исечкани маслинки и се пасираат со блендер, или сечко додека не се добие изедначен хумус.

predlog-recepti-za-bozhikjnite-posti-vkusni-obroci-bez-meso-30.jpg

Посни пирошки со печурки

Потребни состојки:

За тесто:

  • 90ml вода;
  • 30ml растително масло (дополнително за премачкување);
  • 150-160g брашно;
  • 1 мала лажичка сув квасец;
  • 1 ¼ лажица шеќер;
  • ¼ лажичка сол.

За фил:

  • 230g – шампињони;
  • 50g – кромид;
  • ¼ лажичка сол;
  • ¼ лажичка црн бибер;
  • 20ml растително масло.

Начин на подготовка:

  • Водата треба да се загрее на температура од околу 40 степени Целзиусови;
  • Се додава квасец, шеќер и сол и се мешаат;
  • Лажица по лажица се додава брашното и се меша по секое додавање, за да се добие изедначена смеса;
  • Постапката се повторува додека не се добие тесто, подготвено за месење;
  • Додека се меси тестото постепено се додава и маслото;
  • Готовото тесто се остава прекриено со проѕирна фолија за да нарасне (околу 30 минути);
  • Шампињоните и кромидот се мијат и се сечкаат на коцкички;
  • На загреано масло прво се динста кромидот околу 3-4 минути, па потоа се додаваат и печурките;
  • Се пржат додека не испари цела течност од нив, па се додава сол и црн бибер и се мешаат;
  • Филот се остава да се олади, а рерната се загрева на 180 степени Целзиусови;
  • Готовото тесто се дели на 6 парчиња, од кои се обликуваат топчиња;
  • Секое топче се истегнува во форма на круг, па потоа на средина се полни со печурки и се обликува во форма на пирошка;
  • Готовите пирошки се ставаат на плех обложен со хартија и се печат 15-20 минути на температура од 180 степени Целзиусови.

predlog-recepti-za-bozhikjnite-posti-hranata-mozhe-da-bide-vkusna-i-bez-meso-04_2_copy.jpg

Уште три рецепти на следната страница...



Би можело да ве интересира:

3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути) Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
3 рецепти за деновите кога постите без масло Шпагети со лук и сусам, вкусен ориз со лозови листови или киноа... Што можете да...
Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...
2 рецепта за посното мени на Свети Никола што може да ги подготвите и во последен миг Рибата можете да ја испечете во Air Fryer, а во компир салатата да додадете и ма...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Највкусната посна сарма со праз, по рецепт на нашите баби Бадниковата и божиќната трпеза никако не можат да поминат без посна сарма... Дал...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg