Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Рецепт за постапалки – Колачиња што се прават кога бебето ќе прооди

Како се прават постапалки – колачиња кои традиционално се раздаваат кога бебето ќе прооди?

recept-za-postapalki-kolachinja-shto-se-pravat-koga-bebeto-kje-proodi-01.jpg

Кога бебето ќе прооди, традиционално се прават колачиња постапалчиња коишто се разделуваат на блиските и во семејството.

Вообичаено, колачињата се прават кога детето ќе ги направи првите самостојни чекори.

Некои ги прават веднаш штом детето застане на нозе, а други пак, чекаат да почне стабилно да оди.

Според некои верувања, овие колачиња се прават за стабилни лесни чекори во животот, па затоа во некои краишта во Македонија кога некој постојано се сопнува, знаат на шега да го прашаат: „Тебе не ти направиле постапалки?“

Модерните мајки прават колачиња во форма на стапало, со помош на калап кој се продава на некои од тезгите, или пак во продавниците за пекарска и слаткарска опрема.

recept-za-postapalki-kolachinja-shto-se-pravat-koga-bebeto-kje-proodi-03.jpg.jpg

Како да ги подготвите овие колачиња?

Потребни состојки (за 40-тина колачиња):

  • 500g брашно;
  • 2 јајца;
  • 3 големи лажици мед;
  • Кора од 1 лимон;
  • 1 прашок за печиво;
  • Прстофат цимет;
  • 200g маргарин (стопен);
  • 200g шеќер.

Начин на подготовка:

  • Рерната се загрева на температура од 180 степени Целзиусови;
  • Во длабок сад прво се ставаат сувите состојки и се мешаат;
  • Во друг сад со маталка се мешаат јајца, стопен маргарин, кора од лимон и мед;
  • На сувите состојки им се додаваат изматените течни состојки и се меси убаво мазно тесто;
  • Од него се тегне кора тенка околу 1cm и со калап се вадат колачиња во форма на стапала;
  • Колачињата се редат на плех обложен со хартија;
  • Колачињата се печат 20-тина минути на температура од 180 степени Целзиусови, или додека малку не поруменат.

recept-za-postapalki-kolachinja-shto-se-pravat-koga-bebeto-kje-proodi-02.jpg.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за божиќни путер колачиња Внесете ја празничната магија во вашиот дом и нека замириса на превкусни путер к...
Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...
Рецепт за брзи лиснати ролнички со сланина Ако ви се најават гости или сакате да зготвите нешто брзо за ужинка за домашните...
Рецепт за мекици, од домашниот тефтер на мајките и бабите Ако сте љубител на мекици, не мора да чекате да се роди ново бебе, може да си ги...
Рецепт за сочни цимет ролнички со прелив Направете си ги најмеките, сочни ролнички со цимет, познати како cinnamon rolls,...
Рецепт за најубавите домашни принцес крофни Принцес крофните се подготвуваат толку безо и лесно, што ако ги направите еднаш,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg