Рецепт за чизкејк мафини со урми, без печење
Постојат многу начини за подготовка на чизкејк, а еден од нив е со комбинација на урми и какао.
За околу 40 минути можете да подготвите здрави и вкусни чизкејк мафини, кои притоа, не се печат.
Овој рецепт често се споделува на Инстаграм, а оние што ги пробале мафините велат дека имаат совршен вкус.
Како да ги подготвите?
Потребни состојки:
- 12 урми
- ¼ шолја млеко
- ½ лажичка сол
- 60g путер од кикирики
- 60g какао во прав
- 125g крем сирење
- 80g темно чоколадо
Начин на подготовка:
- Исчистете ги урмите од семките, па ставете ги во длабок сад и попарете ги со врела вода. Нека отстојат барем 30 минути (или преку ноќ).
- Исцедете ги урмите од водата, па ставете ги во блендер или процесор за храна.
- Додадете го млекото и голем прстофат сол.
- Блендирајте додека сместа не се изедначи, па потоа поделете ја во два сада на еднакви делови.
- Во еден сад додадете какао во прав и путер од кикирики.
- Мешајте додека смесата убаво не се соедини (треба да биде цврста за да се обликува).
- Ако е премногу леплива, изладете ја во фрижидер неколку минути.
- Поделете ја на шест еднакви делови, направете 6 топчиња и секое топче ставете го во калап за мафини.
- Со чашка притиснете го секое топче за лесно да се распореди по ѕидовите на калапот за мафини (вака формирате мини подлоги за чизкејк).
- Во вториот сад со урми додадете крем сирење, па мешајте додека смесата не стане мазна и кремаста.
- Филот рамномерно ставете го со лажица во подготвените калапи, филувајќи го секој чизкејк мафин до врвот.
- Растопете го темното чоколадо и прелејте го одозгора секој чизкејк мафин.
- Ставете ја модлата со колачи во фрижидер најмалку 1 час, па кога ќе се стегнат, послужете ги.
Видео постапка:
А. Ј. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:

Вкусен викенд појадок - потпечена тортиља со спанаќ и кашкавал
Богатство од вкусови за совршен викенд појадок кој се подготвува за 30-тина мину...

Здрава ресана торта, подготвена во блендер
Портокал, чоколадо, јаворов сируп, ванила... оваа торта е вистински здрав делика...

Лиснати погачици со сладок крем и вишни
Ова слатко лиснато задоволство е совршено за појадок или ужинка. Дали би го проб...

Брз летен ручек: Полнети пиперки со фета сирење и сланина
Сте пробале ли полнети пиперки со сирење и сланина? Ако не, ова ќе ви стане омил...

Брзи цвет банички со спанаќ и сирење
Ако размислувате што вкусно и солено да подготвите викендов, можете да го пробат...

Рецепт за пилешко полнето со печурки и пармезан
Ако досега не сте зготвиле пилешки гради на овој начин, пробајте ги веднаш - нем...