Рецепт за брза чоколадна торта без печење, од само неколку состојки
Како да подготвите брза и економична чоколадна торта од само неколку состојки? Овој рецепт сигурно ќе ви се допадне и ќе сакате често да го приготвувате.
Оваа чоколадна торта можат да ја направат и почетници во кујната, затоа што постапката за приготвување е мошне лесна и едноставна, а сите ќе бараат парче повеќе од неа.
Доброто е што состојките за оваа торта многу е веројатно веќе да ги имате во домот, а нема да треба да потрошите многу пари и ако треба да ги набавите.
Како се подготвува оваа брза чоколадна торта?
Потребни состојки:
За пандишпан:
- 200g бисквити;
- 100g путер (стопен);
- 100g шеќер;
- 50g какао во прав;
- 30ml млеко.
За фил:
-->
-->
- 200g млечна чоколада;
- 100ml слатка павлака.
Начин на подготовка:
- Бисквитите се дробат на ситни парченца и се ставаат во длабок сад;
- Со сито се просејува какаото, се додава шеќер и стопен путер;
- Сите состојки се мешаат додека да се добие изедначена смеса;
- Се додава млеко и пак се меша смесата;
- Готовиот фил се става во калап за торта и се остава да отстои во ладилник, најмалку 30 минути;
- Павлаката се стоплува, па во неа се додаваат парченца чоколада и се мешаат додека да се добие густ крем;
- Пандишпанот се прелева со кремот и пак се враќа во ладилник да отстои најмалку еден час.
Видео упатство:
-->
Б. С. Б. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:

Чоколадна баклава со крем од ф’стаци
Ако сте љубител на баклава, но и на ф’стаци, тогаш нема да можете да му одолеете...

Рецепт за божиќни путер колачиња
Внесете ја празничната магија во вашиот дом и нека замириса на превкусни путер к...

Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон
Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...

Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости
Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...

Рецепт за брзи лиснати ролнички со сланина
Ако ви се најават гости или сакате да зготвите нешто брзо за ужинка за домашните...

Рецепт за ѓевречиња со фета сирење
Децата ќе ги обожаваат, а ни гостите нема да може да им одолеат - овие ѓевречиња...