Чоколаден десерт во микробранова: Орео торта од 3 состојки

Оваа торта се пече во микробранова печка и за целата подготовка ќе ви требаат околу 10-15 минути (од почетокот на подготовката до готовата торта).

chokoladen-desert-vo-mikrobranova-oreo-torta-od-3-sostojki-01.jpg

Ако ви се најавија гости, а немате ништо благо, можете да направите Орео торта за која ќе ви требаат само 3 состојки.

Потребни состојки:

  • 2 пакувања Орео колачиња
  • 250ml млеко
  • 1 лажичка прашок за печиво

Начин на подготовка:

  • Најпрво одвојте ги бисквитите од филот на колачињата.
  • Крцкавиот дел ставете го во ќеса, затворете ја и преку неа поминете со сукало за да ги раздробите бисквитите на ситни парченца (како во видеото).
  • Смесата претурете ја во длабок сад, па ставете една лажичка прашок за печиво, додадете ги млекото и белиот фил од Орео колачињата, кој претходно го тргнавте на страна, и убаво спојте ги состојките.
  • Тестото за тортата ставете го во силиконски калап за печење, кој сте го премачкале со малку масло, а на дното сте го обложиле со хартија за печење.
  • Ставете ја тортата во микробранова печка и печете околу 6 минути (можеби ќе ви треба уште некоја минутка плус, зависно од јачината на микрото).
  • Испечената торта, превртете ја врз решетка, извадете ја хартијата и оставете ја да се олади.
  • По желба, одозгора можете да ја прелиете со стопено чоколадо, па да ја послужите.

Видео постапка:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лиснати погачици со сладок крем и вишни Ова слатко лиснато задоволство е совршено за појадок или ужинка. Дали би го проб...
Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...
Вкусен викенд појадок - потпечена тортиља со спанаќ и кашкавал Богатство од вкусови за совршен викенд појадок кој се подготвува за 30-тина мину...
Мрсна торта со вкус на тиква – домот ќе ви мириса како кај баба на гости Традиционалните мрсни торти секогаш ни будат доза носталгија од деновите поминат...
Рецепт за најбрзиот десерт од само 3 состојки Што можете да подготвите за десерт набрзина, без да губите премногу време? За ов...
Рецепт за путер колачиња со рум од кои ќе замириса целиот дом Денес ви прикажуваме еден супер лесен рецепт за путер колачиња со рум. Лесен ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg