Италијански рецепт за овошно џелато – совршено освежување во летните денови

Италија е позната по богатата историја, вкусната храна и, секако, највкусното џелато. Како да го подготвите овој италијански сладолед дома и барем на миг да се почувствувате како да сте таму?

italijanski-recept-za-ovoshno-djelato-sovrsheno-osvezhuvanje-vo-letnite-denovi-01.jpg

За да го подготвите овој вкусен десерт, потребни ви се само неколку состојки што најверојатно веќе ги имате дома, а она што го немате лесно може да се најде и да се купи.

Ќе добиете околу 800g свежо направен сладолед, кој ќе биде идеално освежување во деновите кога е премногу топло надвор.

Потребни состојки:

  • 800g свежо овошје (измиено и исчистено, а можете да користите, јагоди, малини, ананас);
  • 500g шлаг пена за матење;
  • 1-2 лажици шеќер во прав;
  • 170ml кондензирано млеко;
  • 2 мали лажички ликер од јагода или рум.

Начин на подготовка:

  • Овошјето се чисти, се мие и се сечка на помали парчиња, па се пасира со рачен блендер;
  • По ова се процедува со цедалка во длабок сад за да се отстранат парченцата овошје;
  • Се додава кондензираното млеко и ликерот и сите состојки се мешаат;
  • Во друг сад се мати шлаг пената и ѝ се додава мешавината од овошје и кондензирано млеко;
  • Сите состојки се мешаат убаво, се префрлаат во сад за сладолед и се оставаат во замрзнувач најмалку 3-5 часа.

italijanski-recept-za-ovoshno-djelato-sovrsheno-osvezhuvanje-vo-letnite-denovi-02.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вкусен колач со боровинки и лимон Ако немате свежи боровинки можете да користите и смрзнати, но вкусот на колачот ...
Вкусен десерт: Чурос залчиња со цимет и путер Чурос потсетуваат на тулумби, а сепак не се. Но овие мали залчиња се превкусни и...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути) Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
Предлог рецепти за божиќните пости – вкусни оброци без месо Што да јадете кога постите? Подгответе некои од овие вкусни рецепти, што ќе ви д...
Рецепт за најбрзиот десерт од само 3 состојки Што можете да подготвите за десерт набрзина, без да губите премногу време? За ов...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg