Велигденски појадок: Лиснато тесто со варено јајце, кашкавал и пршута
Ако ви останаа многу велигденски јајца, направете си вкусен појадок со нив, со смрзнато лиснато тесто, така што ќе го наполните со пршута, кашкавал и по едно јајце.
Идеален појадок во празничниот период се овие мини лиснати полнети со варено јајце.
Сигурно и вие имате еден куп останати јајца на кои не знаете што да им правите.
Овој рецепт е брз и лесен, а ќе ги изедете јајцата без да се мачите.
Потребни состојки:
- Готово лиснато тесто
- 6 варени јајца
- 6 тенки парчиња сланина или пршута
- 6 парчиња кашкавал
- Стопен путер за премачкување
- Семки по желба (сусам, афион, сончоглед)
Начин на подготовка:
- Размесете го тестото и пресечете го на 6 правоаголници.
- Секој правоаголник обложете го со кашкавал, пршута или сланина, па ставете излупено јајце и сролајте го во сувомеснатото.
- Со раце затворете ги страниците како во видеото и префрлете на плех обложен со хартија за печење.
- Премачкајте ги лиснатите со стопен путер и наросете од семките.
- Печете на загреана рерна на 180 степени Целзиусови 20 минути.
М. М. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:

Направете вкусна мусака со модри домати, по грчки рецепт
Ако сте расположени за традиционален ручек, но ви се здосадени секојдневните рец...

Лесен рецепт за брза вечера: Пита од тортиљи со растопен кашкавал и шунка
Мека пита со парченца шунка и растопен кашкавал, без месење, тегнење и чекање......

4 рецепти кои може да ги направите со јајцата кои ви останаа од Велигден
Овие предлог рецепти ќе ви помогнат најдобро да ги искористите јајцата од велигд...

Мафини од печени јајца - рецепт за поинаков, а вкусен појадок (или вечера)
Ви здодеа да јадете варени јајца или јајца на око, а сепак ги обожавате? Тогаш с...

Пица кроасани од лиснато тесто, готови за 30 минути
Одлични се и за ужинка и за вечера, но и да ги направите кога ќе ви се најават г...

3 рецепти за велигденската трпеза од кујната на Давор (Dave’s Kitchen)
Пилиња од урда, милиброд со џем, пилешко со кари во лиснато тесто - интересни и ...
-->
-->