Идеја за лесен, пролетен ручек: Плескавици од тиквици и компир
Доколку сте во потрага по здрав рецепт кој ќе биде нешто поразлично од вашето секојдневно мени, тогаш мора да ги пробате овие плескавички од тиквичка, компир и моркови кои се идеални за пролетниот период.
Доколку сте од оние кои со затоплувањето на времето прават промени во исхраната и почнуваат да се хранат полесно, овој рецепт е за вас.
Идеален е како додаток на главниот ручек, но и само како главен оброк доколку не сте премногу гладни.
Потребни состојки:
- 1 тиквичка поголема или две помали
- 2 големи компири
- 2 моркови со средна големина
- 1 помала главица кромид
- 1/4 чаша бело брашно
- 1/2 лажичка сол
- 1/4 лажичка мелен црн пипер
- други зачини по желба
Начин на подготовка:
- Измијте ги и потоа излупете ги тиквичките, компирите и морковите, па изрендајте ги на ренде.
- Излупете ги и ситно исечкајте ги кромидот и лукот.
- Во еден сад ставете ги изренданите тиквички, компирот, морковот, кромидот и лукот. Зачинете со сол и бибер.
- Потоа додадете го брашното во садот каде што се измешани останатите состојки и добро соединете ги.
- Потоа од смесата почнете да формирате еднакви топчиња.
- На шпорет поставете тава со загреано масло и започете со пржење додека не заруменат.
- Врелите плескавици наредете ги на хартиена подлога за да се впие вишокот масло.
В. К. | Црнобело
-->
-->
-->
Би можело да ве интересира:

Рецепт за божиќни путер колачиња
Внесете ја празничната магија во вашиот дом и нека замириса на превкусни путер к...

Рецепт за брзи лиснати ролнички со сланина
Ако ви се најават гости или сакате да зготвите нешто брзо за ужинка за домашните...

Рецепт за мекици, од домашниот тефтер на мајките и бабите
Ако сте љубител на мекици, не мора да чекате да се роди ново бебе, може да си ги...

Рецепт за најубавите домашни принцес крофни
Принцес крофните се подготвуваат толку безо и лесно, што ако ги направите еднаш,...

Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости
Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...

Посна проја со праз - рецепт кој им успева на сите
Ако сте љубител на проја, а постите - пробајте го овој рецепт кој е лесен за под...
-->