Рецепт за сочна џин торта, готова за еден час

Ако сте љубител на џинот, тогаш сигурно ќе уживате во вкусот на оваа торта.

recept-za-sochna-djin-torta-gotova-za-eden-chas-01.jpg

Сте пробале ли некогаш торта со џин и лимета?

Вкусот е специфичен, а ќе ве освои уште со првиот залак...

Како да ја подготвите?

Потребни состојки:

За тестото:

  • 250g брашно
  • 250g шеќер
  • 250g путер на собна температура
  • 80ml џин
  • 5 јајца (собна температура)
  • 2 лимети (само кората)
  • 2 лажички прашок за печиво
  • ¼ лажичка сол

Шербет:

  • 150ml тоник
  • 100g шеќер
  • 30ml џин
  • 2 лимети (само сок)

Глазура:

  • 100g шеќер во прав
  • 3 лажици џин

Начин на подготовка:

  • Во сад за матење ставете ги путерот и шеќерот и спојте ги за да добиете пенеста смеса.
  • Потоа додавајте ги јајцата едно по едно додека мешате, а кога убаво ќе ги соедините, додајте ги и брашното, солта, прашокот за печиво и џинот.
  • Измешајте за да добиете мазно тесто, па во смесата изрендајте ја и кората од лимета.
  • Калапот за печење обложете го со хартија, па истурете ја смесата во него. Печете 50 до 60 минути (зависно од рерната) на 170 степени.
  • Додека тортата се пече, во сад ставете ги тоникот и шеќерот да зовријат и варете додека да добиете густ шербет. Кога ќе биде готов, тргнете го настрана за да се олади.
  • Во изладениот шербет ставете ги џинот и сокот од лимета.
  • Со стапче за раженчиња (или со нож), направете многу дупки низ тортата, па со четка премачкајте го сирупот врз тортата.
  • Подгответе ја глазурата - шеќерот во прав измешајте го со џинот за да добиете густа смеса, па нанесете ја преку тортата (мора да е целосно изладена за да не се стопи глазурата).
  • Декорирајте ја со парчиња лимета и изрендајте малку кора од зелен лимон, па послужете ја.

Видео постапка:

View this post on Instagram

A post shared by SterkInDeKeuken.nl (@sterkindekeuken)

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за крофни со шеќер како на плажа Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Лиснати погачици со сладок крем и вишни Ова слатко лиснато задоволство е совршено за појадок или ужинка. Дали би го проб...
Рецепт за сочна штрудла со јаболка и цимет Јаболка, цимет и путер - совршена есенска комбинација на која нема да можете да ...
Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...
Вкусен викенд појадок - потпечена тортиља со спанаќ и кашкавал Богатство од вкусови за совршен викенд појадок кој се подготвува за 30-тина мину...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg