Рецепт за брз ролат со банани и Нутела, кој им успева на сите
-->
Банани и Нутела – постои ли подобра комбинација за вкусен десерт?
Овој брз десерт кој се подготвува од лиснато тесто, банани и Нутела им успева буквално на сите.
-->
А, ако го подготвите еднаш, ќе го спремате постојано.
Потребни состојки:
- 3 големи банани
- 1 пакетче лиснато тесто
- ½ шолја Нутела
- Малку цимет
- Чоколаден прелив
- Сладолед за сервирање (по желба)
Начин на подготовка:
- Загрејте ја рерната на 180 степени, а тавата обложете ја со хартија за печење.
- Лиснатото тесто оставете го малку да се одмрзне, па развлечете го во форма на правоаголник.
- Едната половина премачкајте ја со Нутела, а другата исечете ја со нож (како во видеото).
- Излупете ги бананите, исечете ги на три дела и наредете ги врз тестото на половината премачкана со Нутелата, а потоа преклопете ги со исеченото тесто и спојте ги двата краја во форма на прстен.
- Посипете го тестото со цимет и внимателно ставете го врз тавата за печење. Печете го околу 15-20 минути (зависно од тоа како ви пече рерната).
- Кога ќе биде готов колачот, извадете го од рерната, почекајте да се излади, па прелијте го со чоколаден прелив.
- По желба послужете го со топка сладолед.
Видео постапка:
-->
-->
А. Ј. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:
Рецепт за сладок божиќен венец со Нутела
Пред новогодишните празници можете да го пробате рецептот за овој вкусен божиќен...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството
Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Лиснати погачици со сладок крем и вишни
Ова слатко лиснато задоволство е совршено за појадок или ужинка. Дали би го проб...
Викенд десерт: Чизкејк со прелив од јагоди, што не се пече
Јагодите се омиленото пролетно овошје, а со оглед што не стојат премногу долго с...
Највкусната пица со тесто од карфиол: Рецепт кој ќе ви помогне во слабеењето
Ако сакате пица, со овој рецепт можете да уживате во омилениот вкус без да чувст...
Рецепт за пилешко полнето со печурки и пармезан
Ако досега не сте зготвиле пилешки гради на овој начин, пробајте ги веднаш - нем...