Вкусен викенд ручек: Пилешко во кари сос во 6 чекори

Пилешко во кремаст кари сос... Идеален рецепт за викенд ручек со најблиските, а не е потребно да сте експерт во кујна за да го приготвите.

vikend-ruchek-pileshko-vo-kari-sos-vo-6-chekori-01.jpg

За овој викенд ви предлагаме да подготвите пилешко во кари сос. Можете да го искомбинирате со рижото или пак со пире од компири, а ќе им се допадне на сите.

Подготовката на овој ручек е многу лесна, но пред да почнете со готвењето, најдобро е прво да ги подготвите сите состојки за да ви бидат при рака.

Потребни состојки:

  • 2 големи лажици сончогледово масло;
  • 1 кромид (ситно исечкан);
  • 1 чешне лук (истолчено);
  • Парче ѓумбир со големина на палец (изрендано);
  • 6 пилешки надкопани (исчистени од коски и исечкани на ситни парченца);
  • 400g исечкани домати (свежи или од конзерва);
  • 100g грчки јогурт;
  • 1 врзоп исечкан коријандер;
  • 1 лажичка сол;
  • 2 лажички кари во прав;
  • ½ лажичка ким;
  • 1 лажичка црвен пипер;
  • ½ лажичка црн бибер.

Начин на подготовка:

  • Зејтинот се става во тавче и се загрева на рингла со средна температура;
  • Се додава исечкан кромид и малку сол и се пржи од 8 до 10 минути, додека да добие златно кафена боја, па се додава лук и ѓумбир и се готви уште една минута;
  • Исечканото пилешко се става во тавчето и се пржи околу 5 минути;
  • Откако месото ќе се потпржи се додаваат зачините (сол, кари, ким, црвен пипер, црн бибер) и исечканите домати;
  • Пилешкото се покрива со капак, па се остава да се крчка околу 25 минути односно, додека да се направи сос од доматите;
  • Потоа се додава грчкиот јогурт и се меша, па откако ќе се прокрчка уште неколку минути се додава и ситно исечкан коријандер.

vikend-ruchek-pileshko-vo-kari-sos-vo-6-chekori-02.jpg

Б. С. Б. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути) Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
Сочно пилешко во сос од сенф и кари Ако немате идеја за ручек или сакате да зготвите нешто вкусно кога ќе поканите г...
5 предлог посни рецепти за деновите кога не знаете што да јадете Пет рецепти без масло и со масло за деновите додека трае постот. Што можете да п...
Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...
2 рецепта за посното мени на Свети Никола што може да ги подготвите и во последен миг Рибата можете да ја испечете во Air Fryer, а во компир салатата да додадете и ма...
Предлог ручек: Орзо со пилешко и грашок Ако не знаете што да зготвите за ручек, пробајте го овој брз и вкусен рецепт - о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg