Ќе барате уште една порција: Вкусни ролнички од пилешки стек, полнети со кашкавал
-->
Немате идеја што да подготвите за ручек? Овој брз специјалитет ќе ги освои сите. Подгответе се за вкусно пилешко месо, надополнето со кашкавал што се тегне...
Како да подготвите вкусни ролнички од пилешки стек полнети со кашкавал и зачини?
-->
Подготовката е мошне едноставна, а на сите ќе им се допадне овој рецепт, што можете да го подготвите како ручек, или како мезе ако ви доаѓаат гости.
Потребни состојки:
- 500g пилешки стек;
- 1 лажичка сол;
- 1 лажичка црн бибер;
- 150g рендан кашкавал;
- ½ морков ситно изрендан;
- Ситно исечкан магдонос (по вкус);
- 150g павлака;
- 2 лажици маслиново масло;
Начин на подготовка:
- Рерната се загрева на 180 степени Целзиусови.
- Стекот се сече на тенки филети, кои се прекриваат со фолија и со чекан за месо се истенчуваат;
- Филетите се посолуваат и им се додава по малку црн бибер;
- Во длабок сад се мешаат 100g рендан кашкавал, морковот и магдоносот и им се додава 100g павлака, па се меша додека сите состојки да се соединат;
- Со лажица се зема по малку од смесата со кашкавал и на секое парче стек се става на средината, па се разнесува рамномерно;
- Парчињата стек се виткаат во ролнички и се ставаат во плех за печење, премачкан со маслиново масло;
- Секоја ролничка се премачкува со малку павлака, па ѝ се става по малку рендан кашкавал;
- Се пече во рерна на температура од 180 степени, 10 минути, односно додека ролничките да добијат златно кафеава боја.
Видео упатство:
Б. С. Б. | Црнобело
-->
-->
Би можело да ве интересира:
Ролнички од тиквички, полнети со пармезан и пилешки гради
Ролничките од тивички можат да бидат и главно јадење, но и прилог за месо. Се по...
Предлог ручек: Орзо со пилешко и грашок
Ако не знаете што да зготвите за ручек, пробајте го овој брз и вкусен рецепт - о...
Рецепт за брза пилешка салата – идеално мезе кога чекате гости
Заради овој рецепт секогаш ќе практикувате да имате дома пилешко месо и крастави...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството
Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути)
Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
Лесен рецепт за брза вечера: Пита од тортиљи со растопен кашкавал и шунка
Мека пита со парченца шунка и растопен кашкавал, без месење, тегнење и чекање......
-->