Рецепт за вкусен десерт од француската кујна: Крем бруле од ванила
-->
Како да подготвите вкусно крем бруле, што ќе биде идеален десерт за семејниот ручек или за гости?
Крем бруле е десерт кој на врвот треба да има стврднат карамелизиран шеќер и вообичаено се сервира малку изладен. Затоа добро е да го подготвите однапред, за да го сервирате по семејниот ручек.
-->
Традиционално десертот е зачинет со вкус на ванила, но некои сакаат да додаваат и други вкусови или да го декорираат со овошје.
Во основа се подготвува мошне лесно, а може да биде идеален десерт за денот поминат со семејството или со гости.
Оваа верзија на рецептот е поедноставна бидејќи не вклучува карамелизиран шеќер на врвот.
Потребни состојки:
- 500ml слатка павлака;
- 1 лажичка екстракт од ванила;
- 4 жолчки (од поголеми јајца);
- ½ лажичка екстракт од ванила;
- ¼ лажичка сол;
- 10 големи лажици шеќер.
Начин на подготовка:
- Рерната се загрева на температура од 160 степени Целзиусови;
- Се земаат 6 шолји за кафе или длабоки чинии од 120ml и се распоредуваат во длабок плех;
- Во тенџере со средна големина се мешаат слатката павлака, 4 лажици шеќер, екстракт од ванила и малку сол;
- Ставете да се вари на средна температура, додека не почне да врие;
- Кога кремот ќе почне да врие се трга од оган се покрива со капак и се остава да се лади околу 15-тина минути;
- Во длабок сад се ставаат 4 жолчки и се додаваат 6 големи лажици шеќер, па се мати со миксер, додека не се добие крем;
- Додека се матат јајцата и шеќерот, полека со лажица низ цедалка се додава по малку оладен крем во тенок млаз и се мати со маталка без престан додека кремот и јајцата не се соединат;
- Готовата смеса се распоредува во садовите за печење, а во плехот се додава вода до една третина од висината на садовите;
- Крем брулето се пече на температура од 160 степени Целзиусови во загреана рерна, околу 30-тина минути.
Б. С. Б. | Црнобело
-->
-->
Би можело да ве интересира:
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството
Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа
Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
Предлог ручек: Орзо со пилешко и грашок
Ако не знаете што да зготвите за ручек, пробајте го овој брз и вкусен рецепт - о...
Рецепт за сочна штрудла со јаболка и цимет
Јаболка, цимет и путер - совршена есенска комбинација на која нема да можете да ...
Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости
Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...
Нова верзија на рецептот на баба: Омилените божиќни гурабии со ванила и ореви
Се сеќавате на вкусните колачиња што буквално ви се топат во уста? Меки и полнет...
-->