Рецепт за највкусните домашни вафли - Се прават брзо, а ги снемува уште побрзо

Идеални за брз појадок, или за ужина... Вафлите се мошне лесни за подготовка, а ќе им се допаднат на сите членови на семејството.

recept-za-najvkusnite-domashni-vafli-se-pravat-brzo-a-gi-snemuva-ushte-pobrzo-01.jpg

Сите што еднаш пробале вафли брзо се вљубиле во нив. Мошне се брзи и лесни за подготовка, а се подготвуваат со состојки што најверојатно веќе ги имате дома.

Запомнете дека за најдобри вафли потребно е состојките да бидат на собна температура. Употребата на студен путер ќе направи вафлите да бидат недопечени во внатрешноста.

Потребни состојки:

  • 120g сенаменско брашно;
  • 2 големи лажици шеќер;
  • 1 мала лажичка прашок за печиво;
  • ¼ лажичка сол;
  • 230ml млеко;
  • 2 поголеми јајца;
  • 60g стопен путер (може да се замени со 50ml масло за јадење);
  • Џем или јаворов сируп за послужување.

Начин на подготовка:

  • Пуштете го апаратот за вафли да се загрева, според препораките на произведувачот;
  • Во голем сад промешајте ги брашното, шеќерот, прашокот за печиво и солта и оставете ги настрана;
  • Во друг сад со метална жица измешајте ги млекото и јајцата и додадете ги во садот каде што го измешавте брашното и другите суви состојки;
  • Мешајте со метална жица додека состојките да се соединат;
  • Полека додадете го стопениот путер или маслото за јадење и мешајте;
  • Со црпалка земајте по малку од смесата (околу 100g) и ставете прво на средината на апаратот, а потоа распоредете ги вафлите кон краевите, притоа водете сметка да оставите малку простор на краевите;
  • Оставете ги вафлите да се печат од 2 до 3 минути со затворен апарат, додека да станат кафеави и крцкави;
  • Послужете со џем, јаворов сируп или други додатоци по ваш вкус.

recept-za-najvkusnite-domashni-vafli-se-pravat-brzo-a-gi-snemuva-ushte-pobrzo-02.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...
Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...
Рецепт за најбрзиот десерт од само 3 состојки Што можете да подготвите за десерт набрзина, без да губите премногу време? За ов...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути) Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg