Го пробав рецептот за крцкава брокула со пармезан што е хит на ТикТок – Зошто ова ми стана омилен додаток?
„Без разлика колку крцкава ќе ја подготвите, оваа брокула може да биде одлична како додаток за ручекот, но потрудете се да подготвите повеќе одеднаш затоа што брзо ќе ја снема“ – вели Калеа Мартин, новинарката која го приготвила популарниот рецепт на ТикТок.
ТикТок е местото каде што во последните неколку години може да се најдат голем број трикови за шминка, домаќинство, но и рецепти кои преку ноќ стануваат популарни.
Така, последен во низата популарни рецепти е и оној за потпечена, крцкава брокула со пармезан.
Новинарката Калеа Мaртин одлучила да го испроба овој рецепт, а своите впечатоци да ги сподели со читателите на PopSugar:
„Постапката започнува со претходна подготовка на брокулата додека да омекне, а потоа ја гмечите со дно од чаша.
Откако ќе ја попрскате со маслиново масло и рендан пармезан, ја враќате во рерната, додека да се стопи сирењето. На овој начин брокулата станува крцкава, што ме изненади затоа што овој зеленчук вообичаено е мек“ – пишува таа.
Според неа, тоа што брокулата е смачкана придонесува да стане покрцкава и повкусна, па наместо внатрешноста да се „вари“ во рерната, се пече подеднакво.
„Без разлика колку крцкава ќе ја подготвите, оваа брокула може да биде одлична како додаток за ручекот или како грицки, особено ако барате нов начин за да го подготвите овој зеленчук.
Само бидете сигурни дека ќе подготвите поголема количина затоа што брзо ќе ја снема“ – вели таа.
Како се подготвува популарната крцкава брокула со пармезан?
Потребни состојки:
- 1 брокула;
- Малку маслиново масло;
- 4 чешниња лук, изренадни;
- 1 лажица зачини по вкус;
- 2-4 лажици рендан пармезан.
Начин на подготовка:
- Рерната се загрева на температура од 200 степени Целзиусови;
- Брокулата се мие и се сечка на гранчиња;
- На плех обложен со хартија за печење се распоредуваат гранчињата брокула и се ставаат во рерна да се печат околу 15 до 20 минути, или додека да омекнат;
- Додека се пече брокулата во мал сад се меша маслиново масло со изрендан лук и зачини по вкус;
- Брокулата се вади од рерна и со дно од чиста чаша се смачкуваат гранчињата, па се премачкуваат со мешавината од маслиново масло, лук и зачини и се наросуваат со рендан пармезан;
- Брокулата се враќа во рерна уште 10-тина минути, или додека да се стопи пармезанот.
Видео упатство:
@wellnesswithalexa Will be smashing every vegetable now … saw @Kristi do this and had to try!! #smashedbroccoli #smashedbroccolirecipe #crispybroccoli #broccolirecipes
♬ im good - kpopvrycs⁷
Б. С. Б. | Црнобело