Предлог за ручек - вкусна медитеранска салата со компири и рукола
-->
Малку поинаков рецепт за класичната медитеранска салата - се прави лесно, а доминираат вкусовите на рукола и песто...
Медитеранската салата е совршен оброк и преку лето, но и во секоја сезона. Состојките се лесно достапни, а се подготвува многу едноставно.
-->
Потребни состојки:
- 800g мали компири
- 250g чери домати
- 125g мини моцарела
- 80g рукола
- 2-3 лажици песто
- малку масло
- 1 лажица балсамико
Начин на подготовка:
- Загрејте ја рерната на 220 степени.
- Компирите убаво измијте ги, исушете ги и потоа пресечете ги на половина.
- Ставете ги во длабок сад, посолете ги, додајте масло и ставете ги врз тава обложена со хартија за печење.
- Печете околу 35-45 минути додека не станат крцкави.
- Во меѓувреме пресечете ги на пола чери доматите и моцарелата.
- Помешајте го пестото со 1 лажица маслиново масло и 1 лажица балсамико.
- Изладените печени компири измешајте ги со доматите, моцарелата, руколата и преливот од песто.
- Можете да ја послужите со двопек или леб со семиња.
Видео постапка:
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Предлог ручек: Орзо со пилешко и грашок
Ако не знаете што да зготвите за ручек, пробајте го овој брз и вкусен рецепт - о...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството
Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Рецепт за посна салата од компири со прелив од кари
Компирите честопати се дел од нашето мени, без разлика дали е за ручек, како сал...
Рецепт за пилешко полнето со печурки и пармезан
Ако досега не сте зготвиле пилешки гради на овој начин, пробајте ги веднаш - нем...
Највкусната посна сарма со праз, по рецепт на нашите баби
Бадниковата и божиќната трпеза никако не можат да поминат без посна сарма... Дал...
Направете вкусна мусака со модри домати, по грчки рецепт
Ако сте расположени за традиционален ручек, но ви се здосадени секојдневните рец...
-->
-->