Рецепт за јајце на око по кое полуде светот, има 14 милиони прегледи на ТикТок - Дали би го пробале?
Необичното јајце на око, кое се подготвува со тортиља и фета сирење, стана толку популарно што го објави и една од најпопуларните утрински емисии во САД, „Good Morning America“.
Јајцето на око е класика. Но, што ако додадете малку фета сирење, авокадо и тортиља?
Е, тогаш го имате рецептот за појадок или вечера по кој збудале светот, до толку што дури и една од најпопуларните утрински емисии во САД, „Good Morning America“, објави видео од тоа како се подготвува.
Овој рецепт на Инстаграм и ТикТок го сподели Грејс Елкус, која пишува за храна и креира рецепти.
Дали би го пробале?
Потребни состојки:
- Малку фета сирење
- 1 јајце
- 1 тортиља
- Малку авокадо (по вкус)
- Буковец, бибер (по вкус)
Начин на подготовка:
- Во тава за пржење ставете малку масло па меѓу прстите иситнете го фета сирењето (да го покрие дното на тавата.
- Веднаш врз него искршете го јајцето, па зачинете го со бибер и буковец (по вкус). Сол не мора да додавате поради сирењето.
- Покријте ја тавата со капак и пржете го додека жолчката да биде готова, а фетата крцкава (и малку зацрвенета).
- Во меѓувреме, потпечете ја тортиљата. Ако сакате, врз неа ставете испасирано авокадо, па врз тоа ставете го јајцето на око со фета.
- Послужете го топло за појадок или вечера.
Видео постапка:
@graceelkus 5-minute feta fried eggs: you’ll thank me next time you’re hangry 🍳 Inpired by Ali Slagle’s potato, egg, and cheese tacos 🧀 Heat small nonstick skillet over medium heat. Crumble in feta around perimeter. Crack egg into center; season w/ black pepper & red pepper flakes (no need to add salt, the feta is plenty salty) Cover pan and cook until white is set, yolk is still runny, and cheese is unbelievably crispy. Serve atop toast, w/ hash browns, or my personal fave: in a charred tortilla with avocado & lime. You can oil the skillet, esp. if you’re not using nonstick, but I find the cheese gets crispier w/o More tips on my IG @graceelkus #friedeggs #feta
♬ Midnight City - M83
А. Ј. | Црнобело